Регион
Приведен тинејџер, испратил лажни закани за бомби до училиштата во Сараево

Судот во Сараево денеска му одреди едномесечен притвор на 18-годишник кој испратил лажни закани за бомби до училиштата во тој град, откако претходно биле следени уште три малолетници како дел од опсежната истрага на полицијата и обвинителството.
18-годишникот во моментов е осомничен за загрозување на безбедноста и лажно пријавување, а досега е утврдено дека упатил најмалку седум закани поради кои наставниот процес во различни училишта бил прекинат.
Минатата недела, со одлука на Општинскиот суд во Сараево, тројца малолетници кои исто така лажно пријавиле подметнати бомби во училиштата биле испратени на еден месец во специјализиран дом во кој се сместени деца кои извршиле различни кривични дела.
Едно од тројца малолетници 49 пати праќало закани до училиштата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.