Регион
Продолжува да сведочи момчето убиец од „Рибникар“: прашања ќе му поставуваат родителите на децата што ги убил
Во зградата на Специјалниот суд во Белград денеска продолжува судењето на Милјана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето Коста, кое уби девет ученици и еден од обезбедувањето во основното училиште „Владислав Рибникар“.
Момчето убиец и денеска продолжува да дава исказ во постапката. Со оглед на тоа дека за време на масакрот имал 13 години, нема да сноси кривична одговорност за своето дело. Денеска ќе му поставуваат прашања родителите на убиените деца, пренесува „Нова.рс“.
Распитот на Коста почна на рочиштето што се одржа пред десет дена, а продолжува и денеска. Момчето на првиот распит одговараше на прашањата на судот, Обвинителството, адвокатот и оштетените. За време на сведочењето Коста К. изговорил реченица што ги оставила во неверување родителите на убиените деца, пишува српски „Телеграф“.
„Чувствував дека другите деца ме отфрлија и затоа ги убив. Тој 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа, но сè уште не бев сигурен дека ќе пукам“, изјави Коста К.
„Мајка ми постојано бараше да бидам најдобар. Се лутеше и викаше кога не бев најдобар. Бидејќи постојано бараше повеќе од мене, јас бев лут на неа. Нејзиното однесување влијаеше на мене да го направам тоа што го направив. Да ги немав пиштолите на татко ми, немаше да го сторам ова“, рекол во судот Коста К., пренесува „Блиц“.
Прашања до момчето упиец поставил и главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, а ова е првпат шеф на Обвинителството во Србија директно да учествува во процесот.
Во еден момент, како што пренесува „Телеграф“, очигледно му се слошило, односно лицето видно поцрвенело кога мајката на убиеното момче му поставувала прашања. Лекарите во зградата на Специјалниот суд му го измериле притисокот и потоа продолжил распитот.
Според неофицијални информации, кои претходно беа објавени во медиумите, Коста пред Обвинителството изјавил дека на 3 мај минатата година во 8.02 часот во дневната соба го фотографирал оружјето на својот татко, а потоа го ставил во ранецот и отишол на училиште, планирал да задоцни на првиот час за сите да бидат во училницата кога ќе пристигне.
Тој нагласи дека кога стигнал до училиштето, се двоумел и размислувал да се врати дома.
„Сакав да разговарам со мајка ми и да си одам дома, но во тој момент ми пријде чуварот и ме праша дали сакам да влезам во училницата. Имаше уште две минути до ѕвончето. Реков дека ќе почекам, но до тогаш бев веќе под стрес, ме фати паника и го гледав како закана, можеби во смисла дека може да ме спречи да се вратам дома“, рече тој.
Според неговото сведочење, тоа било повод за да пука во училишниот чувар по што влегол во училиштето и пукал во учениците. Во Обвинителството опиша и што направил откога пукал во училиштето.
„Имав уште куршуми, не знам зошто престанав да пукам. Скокнав низ прозорецот и повикав полиција. Мислев дека е правилно да се предадам. Се плашев дека некој ќе ме повреди или убие“, рече момчето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот центар на Србија, каде што е на респиратор поради тешка билатерална пневмонија. Неговата состојба е дополнително комплицирана од хронични заболувања, вклучувајќи дијабетес и срцеви проблеми, кои се опасни по живот, пишува Блиц.рс.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека состојбата на министерот Дачиќ е малку подобра, но предупреди дека е неблагодарно да се даваат прогнози.
„Параметрите се малку подобри, но е неблагодарно да се даваат прогнози. При движење, неговата сатурација на кислород во крвта се намали, но сите важни параметри сега се малку подобри. Можеме само да се надеваме и да веруваме дека ќе биде добро“, рече Вучиќ. Тој додаде дека Дачиќ „има и некои други болести, што ги комплицира работите“.
Помошникот директор на Клиниката за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера попладне ја потврди сериозноста на ситуацијата.
„Состојбата на Дачиќ останува тешка и сериозна. Медицинскиот тим што се грижи за него вложува огромни напори и ние се бориме првенствено за подобрување“, рече Попевиќ, додавајќи: „Прерано е да се зборува за било што. Третманот продолжува според сите постулати на модерната медицина за интензивна нега“.
Министерот Ивица Дачиќ претходно јавно во неколку наврати зборуваше за сериозните здравствени проблеми со кои се бори со години.
Во март минатата година, тој призна под каков притисок работи и отворено зборуваше за тоа колку е исцрпен и како нивото на шеќер во крвта драстично му се зголемило поради сè. „Знаете, вчера мојот шеќер беше 20. Сето ова може да трае, но не долго. Денес е околу 15, и покрај сите лекови што ги земам. Што можам да правам, не можам да се жалам“, рече Дачиќ тогаш.
Регион
Вучиќ: Ова ќе биде клучна и една од најтешките години во светот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека утре ќе бидат потпишани 10 договори за соработка меѓу Србија и Казахстан и истакна дека ова е создавање темел врз кој ќе се изгради голема куќа на пријателство што е од интерес за двете земји.
– Разговаравме за геополитичката ситуација. Имаме речиси 100% согласност во оценките. Можам да зборувам за моите предвидувања. Можaм да прoмашам за неколку дена, но во суштина не. Очекувам наскоро да започне голем конфликт, сите знаете на кој мислам, и очекувам конфликтот во Украина да не заврши, мислам дека ќе продолжи долго време. Би сакал да грешам, би бил повеќе од среќен да излезам и да кажам дека моите проценки беа погрешни, но се плашам дека ќе бидам во право. Полека, сите влегуваат во ќорсокак, а кога сте во ќорсокак, се движите само кон потешки решенија и поголеми проблеми. Ова ќе биде клучна година и една од најтешките години во светот. Не би ја исклучил можноста за употреба на неконвенционално оружје во текот на оваа година – изјави Вучиќ, пренесуваат медиумите во регионот.
Регион
Вучевиќ: Верувам во силата на Дачиќ да се избори, и во нашите лекари
Лидерот на СНС и советник на претседателот на Србија, Милош Вучевиќ, денес изјави дека е неблагодарно да се зборува за идната здравствена состојба на претседателот на СПС и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, и дека тој верува во неговата сила да се избори.
„Неблагодарно е да се зборува. Не можам да кажам ништо друго освен она што го кажаа лекарите, семејството, а ми се чини од разговорот со колегите од СПС, дека е за нијанса подобро од синоќа, но сепак е предизвикувачко“, рече Вучевиќ во гостувањето во емисијата „Фокус“ на Б92.
Тој додаде дека верува во силата на Дачиќ да се бори, во нивните лекари и дека се моли на Бога да му даде на Дачиќ доволно сила да се извлече од сето ова.
Вучевиќ истакна дека настинките не треба да се потценуваат и дека секој треба да слуша што велат луѓето кои се експерти за тоа.
„Ивица Дачиќ има уште едно прашање, тоа е прашањето за дијабетесот, стресот, политиката, сè што ни се случува. Невозможно е да нема последици. Имавме многу предизвици. Минатата година имавме предизвици со Дарко Глишиќ. Овој повик беше направен со голем притисок“, рече Вучевиќ.
Дачиќ беше примен на Клиниката за пулмологија вчера попладне со пневмонија.

