Регион
Пронајден мртов човекот кој изврши четирикратно убиство во Хрватска

Четирикратниот убиец од Шибеник е пронајден мртов, потврди хрватската полиција. Телото е пронајдено покрај неговиот автомобил.
Хрватските медиуми кои веќе го објавија и идентитетот, тврдат дека тој се самоубил.
Полицијата и натаму не го соопштвуа името, а не потврдува ниту дека се работи за самоубиство. Телото било пронајдено нешто пред 19 часот.
Бранко Клопер за кој медиумите велат дека бил сопственик на пропадната компанија, беше посочен како убиецот на четири лица денеска рано попладне во Шибеник и во Водице.
Според неофицијалните информации, убиени се познат сопственик на трговски ланец, стечајна управничка и уште двајца мажи – нејзиниот сопруг и адвокатот.
Според тврдењата на хрватските медиуми, до убиствата дошло поради нерасчистени бизнис реалции.
Неофицијално, Колопер бил сопственик на пропаднатата фирма „Маткол“ од Шибеник, а имал ланец на пекари и продавници во градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Во моменти кога безбедносната ситуација на Балканот е сериозно разнишана, Србија се стреми да ги зачува мирот и стабилноста

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, на покана на премиерот на Србија, Милош Вучиќ присуствуваше на седницата на Владата на Република Србија.
По седницата на Владата, тој се огласи на својот официјален Инстаграм профил.
„На состанокот на Владата разменивме информации за актуелната безбедносна состојба во земјата и регионот, особено се фокусиравме на безбедносните предизвици на Косово, како и во Босна и Херцеговина.
Разговаравме и за севкупните аспекти на најавениот протест на 15 март. Во моменти кога безбедносната ситуација на Балканот е сериозно разнишана, Србија се стреми да ги зачува мирот и стабилноста, како и безбедноста на сите нејзини граѓани.
Ја разгледавме и состојбата на економијата во светло на тековните протести, како и штетите предизвикани од овие настани, кои се рефлектираат во намалувањето на инвестициите и други предизвици за економијата. Се согласивме дека е од суштинско значење да се преземат итни мерки за ублажување на последиците и поддршка на економските сектори погодени од овие околности.
Ја истакнав потребата од соработка на сите институции и релевантни актери за да се обезбеди стабилност и да се обезбеди поддршка на граѓаните и бизнисите“, беше наведено на официјалниот Инстаграм профил на претседателот на Србија.
Регион
Најавен пороен дожд во БиХ, на Јабланица повторно ѝ се закануваат разорни поплави

Властите во Јабланица, град во северна Херцеговина, каде што 19 лица загинаа во поплавите и свлечиштата на почетокот на октомври 2024 година, упатија итен повик до надлежните служби да преземат мерки поради можни нови поројни поплави бидејќи се очекуваат обилни врнежи од вечерва.
Според информациите од Федералниот хидрометеоролошки завод, за 11 март е во сила портокалово предупредување поради очекуваните обилни врнежи од дожд, кои би можеле да бидат најизразени во северниот дел на Херцеговина и централниот дел на Босна, кои исто така претрпеа последици по поплавите на почетокот на октомври.
Се очекуваат од 30 до 60 литри дожд на квадратен метар, на места и до 100 литри, а налетите од југ би можеле да достигнат и 80 километри на час, се наведува во предупредувањето.
Штабот за цивилна заштита им наложи на сите надлежни служби да ги преземат неопходните мерки за евентуална евакуација на населението во случај на поплави, одрони и наноси од шут.
Локалното комунално претпријатие итно почна со чистење одводи и шахти.
Во текот на 3 и 4 октомври минатата година во Босна и Херцеговина загинаа вкупно 27 лица по поројни поплави и одрони од карпи, а најтешко беше во Јабланица, каде што загинаа 19 лица.
Многубројни семејни домови и инфраструктура на тоа место сè уште не се целосно реновирани.
Многу жители сè уште живеат во привремено сместување, а некои патишта и комунални системи остануваат оштетени, што дополнително ги зголемува ризиците пред новите врнежи.
Регион
Страшно злосторство во БиХ: млад човек убил друг, па се обидел да го распарчи телото

24-годишник брутално го убил својот врсник вчера во Високо во централна Босна.
Од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон потврдија за босански Аваз дека вчера во 18 часот и 35 минути во Полициската станица Високо влегло лице со иницијали И.М. и пријавил дека лице со иницијали Б.Д. (2001) од Високо му кажало дека во својот стан го убило лицето со иницијали П.Е. (2001).
„Пронајдено е безживотно тело. Увидот на местото на злосторството е извршен во текот на ноќта под надлежност на дежурниот обвинител“, соопштено е.
Првичните информации говорат дека младиот човек ја убил жртвата, а потоа ја исекол на парчиња во обид да го скрие телото.