Регион
Противниците на Баша бараат враќање на Бериша на чело н ДП
Во најголемата опозициона Демократската партија на Албанија, расте бројот на членството кое бара на чело на партијата да се врати поранешниот лидер Сали Бериша. Албанските медиуми истакнуваат дека како во претседателството така и во другите партиски органи на централно и локално ниво има оценки дека состојбата во најголемата опозициона партија во земјата може да ја поправи само духовниот лидер на десницата Сали Бериша.
Особено расте бројот на барањата за вракање на Бериша на фунцијата претседател на партијата од страна на противниците на актуелниот претседател на Демократската партија Лулзим Баша.
Поранешната претседателка на Собранието на Албанија Јозефина Топали вели дека Баша не е во можност да ја собори владата на Рама, бидејки нема такви капацитети за да организира силна опозиција. Таа оценува дека силна опозиција може да организира само Бериша.
Влијателната партиска активистка и екс-заменик шеф на албанската дипломатија Едит Харџи изјави дека Бериша треба да се врати во партијата па макар и привремено, се со цел да ја среди состојбата.
Инаку албанските аналитичари оценуваат дека и самиот Бериша не е задоволен од начинот на водење на партијата од страна на претседателот на Демоикратската партија Лулзим Баша. На неколку пати Бериша изрази несогласување со Баша, посебно околу исфрлувањето од кандидатските листи на пратеници пред изборите во земјата, кои во времето на Бериша имаа значајни партиски и државни позиции.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.