Регион
Радев се сретна со Ердоган и го покани во Бугарија

Приоритет за Бугарија и Турција останува визијата за проширување на трговско-економската соработка и поврзаност, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев по средбата со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.
Двајцата разговараа во Анталија, каде Радев учествуваше на дипломатски форум на покана на Ердоган:
„Го поканив претседателот на Турција да ја посети Бугарија и се надевам дека тоа ќе се случи оваа година, но зависи, се разбира, зависи од тоа дали ќе имаме стабилна влада. Неговото доаѓање во Бугарија мора многу сериозно да се подготви со нови и ажурирање на старите меморандуми, огромен бизнис форум и отворање нови можности за соработка. Тој ќе дојде доброволно. И повторно велам – важно е да имаме одржлива влада“, вели Радев.
Темата на Дипломатскиот форум во Анталија е посветена на промоцијата на дипломатијата како средство за надминување на кризите. Решавањето на конфликтите во регионот, колку и да е сериозно, може да се направи дипломатски, рече Радев и го даде примерот на војната во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.