Регион
Рама: Мета го загуби правото да остане претседател

Албанскиот премиер, Еди Рама оцени дека претседателот Илир Мета сам си ја одредил судбината со тоа што ги откажал локалните избори и рече дека со тоа Мета го загубил правото да остане на претседателската функција.
„Тој како претседател го загуби правото да остане во таа канцеларија. Сите оние кои го водат движењето против мене ќе заминат еден по еден“, порача премиерот.
Рама додаде дека владата не може да ја собори никој освен гласот на народот и нагласи дека шефот на државата извршил политичко самоубиство.
Тој порача дека локалните избори ќе бидат одржани на 30 јуни.
„Ова не е последно лудило, но едно е сигурно – безразлика што сакаат претседателот и лидерите на опозицијата, изборите ќе се случат на 30 јуни“, порача Рама.
Тој рече дека опозицијата сака да ги погреба реформите во правосудството, но тој заедно со народот ќе се бори за правдата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.