Регион
Рама ја повика Украина да го преиспита признавањето на Косово

За време на престојот во Киев, Еди Рама ја повика Украина да ја преиспита својата позиција за признавање на Косово, бидејќи, како што изјави, „тој народ го заслужува тоа“.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, за време на својот говор на средбата со неговиот украински колега Денис Шмихал, го насочи вниманието кон Косово и истакна дека Украина сè уште не го признала Косово, пренесува „Албаниен пост“.
„Би било добро Украина да ја испрати вистинската порака за новата европска реалност што сакаме да ја изградиме“, рече Рама.
Претходно на прес-конференцијата Рама изјави дека Косово му дава целосна поддршка на Киев и покрај тоа што Украина сè уште не го признала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грција: Нема воени гаранции за Украина по војната

Грција нема да учествува во обезбедувањето воени безбедносни гаранции за Украина по евентуално примирје, објави министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, според грчките медиуми.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина, но немаме намера воено да учествуваме во обезбедувањето безбедносни гаранции“, рече Герапетритис додавајќи дека ставот на Атина се темели на почитување на принципите на меѓународното право. Според него, станува збор за принципиелна позиција на грчката влада во однос на начинот на решавање на украинската криза.
Изјавата на шефот на грчката дипломатија следуваше откога претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека Европа има јасен план за распоредување трупи на територијата на Украина со цел да се гарантира безбедноста по завршувањето на непријателствата. Таа изјави дека таков договор е постигнат за време на разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
Фото: принтскрин
Регион
(Фото) Билборди со честитки за роденденот на Лукашенко се појавија во Белград и во Нови Сад

Во Белград и во Нови Сад се појавија огромни плакати со честитки за роденденот на авторитарниот белоруски претседател Александар Лукашенко. Зад оваа акција стои конзервативното движење „Наши“, објавува „Нова.рс“.
На постерите поставени во српскиот главен град и во Нови Сад пишуваше: „Среќен роденден, претседателе Лукашенко! Србија те сака!“ Иван Ивановиќ, лидерот на ова десничарско движење, е наведен како потписник.
Билборды Лукашенко в Сербии – Поздравление с днём рождения
В Белграде и Нови-Саде появилась поздравительная открытка к дню рождения Президента Александра Лукашенко#belarus #lukaschenko #lukasenko pic.twitter.com/tAcHB52eWM
— Иван Ивановић (@ivan_nasi) August 30, 2025
Ова не е првпат движењето „Наши“ да организира слични кампањи. Во февруари минатата година тие го преплавија Белград со постери со пораката „Србија е со Лукашенко“.
фото: принтскрин
Регион
Вучиќ на средба со Путин во Кина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе ја посети Народна Република Кина од 2 до 4 септември, каде што, на покана на претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, ќе присуствува на прославата на 80-годишнината од победата во Втората светска војна.
За време на посетата на Пекинг, претседателот Вучиќ ќе се сретне со претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, и со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, соопшти Канцеларијата за односи со медиумите на претседателот на Србија.
Исто така, како што е наведено во соопштението, Вучиќ ќе се сретне и со претставници на големи компании.