Регион
Расте бројот на заразени и починати од коронавирусот во Грција

Последнава недела во Грција се регистрирани дури 771 новозаразен со коронавирус, од кои девет со потешка клиничка слика, поради што морале да бидат префрлени во болницата каде што биле интубирани.
Како што објави порталот „Прототема“, во истиот период се регистрирани вкупно 29 смртни случаи. Последниот извештај го опфаќа периодот од 12 до 18 август.
Κορωνοϊός: 771 νέες εισαγωγές, 29 θάνατοι και 9 διασωληνώσεις σε μια εβδομάδα#ΙΟΣΤΗΣΓΡΙΠΗΣ #ΝΕΑΚΡΟΥΣΜΑΤΑ #ΕΟΔΥ #ΚΟΡΟΝΟΙΟΣhttps://t.co/zOunjgrAho
— iapokalipsi.gr (@iapokalipsiGR) August 22, 2024
Регистриран е пораст на бројот на пациенти во однос на летото 2023. Грчките медиуми јавуваат дека летово е забележан поголем број хоспитализирани, но помал е бројот на пациенти на медицински апарати и има помалку смртни случаи.
На најранливите групи, старите лица со пропратни заболувања, им се препорачува да се придржуваат до превентивните мерки против респираторни инфекции и да побараат помош од здравствените установи кога ќе ги забележат првите симптоми.
Во исто време, на остатокот од населението им се препорачува да ги намалат контактите со ранливите групи за да се забави ширењето на вирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки народ се уште доаѓаат кон плоштадот од сите страни на државата.
Студентите, поддржани од огромен број граѓани имаат две барања од властите. Првото барање е распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е да прекине протестот на некои од студентите кои бараат продолжување на универзитетската година и три месеци кампуваат во Пионерскиот парк во центарот на Белград.
Студентите кои го организираат протестот најавија дека тој ќе трае три часа, треба да заврши во 21 часот и се огласија за ненадлежни за се што ќе се случува по 21 часот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека очекува насилство на протестот кое ќе почне меѓу 21 и 22 часот.
Регион
„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече српскиот претседател Вучиќ во пресрет на протестот на студентите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ очекува насилство на вечерашниот протест на студентите во Белград, објавуваат српските медиуми. По свеченоста на која доделуваше ордени за Видовден, претседателот Вучиќ кажа дека граѓаните не треба да се грижат за она што ќе се случува вечерва.
„Денес е убав ден, денес е голем ден, денес е празник, денес е Видовден. Ќе видите, ведро е, што е тоа мал број на луѓе на литературното попладне, или вечер, весели луѓе кои го слават празникот, кои го слават Видовден, весели луѓе бидејќи знаат дека Србија победила. А вечер ќе видите бесни луѓе, некои кои на крајот ќе завршат во насилство затоа што не си оставиле друг избор“, рече Вучиќ и додаде: “Немам страв за конечниот исход, Јас уште еднаш ја користам оваа прилика, ги молам како татко да не го прават тоа. Секогаш е подобро да се повлечете во некој момент отколку да направите некаква лудост поради која ќе се каете цел живот. Но, тука завршувам. Немам баш никаков страв за тоа каков е конечниот исход. Само сакам да ја сочувам целата ситуација, пред се младите луѓе и овие постари“, рече претсетдателот Вучиќ.
Зборувајќи за најавениот протест на студентите кажа и точно кога очекува да почне насилството.
„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече претседателот Вучиќ.
Почетокот на протестот на студентите во Белград е најавен за вечерва во 18 часот. Ќе трае три часа, а студентите се оградија од сите настани што ќе се случуваат по 21 часот.
Регион
Зелено светло за Бугарија – од 1 јануари 2026 година може да го воведе еврото

Во четвртокот, Бугарија доби зелено светло од лидерите на Европската Унија за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година.
Лидерите, собрани на самитот на ЕУ во Брисел, го поддржаа предлогот на Европската комисија да ѝ се дозволи на Бугарија да стане 21-ва членка на еврозоната и да го замени левот со евро, откако веќе планираше да го стори тоа во 2024 година, но беше одбиена.
Оваа балканска земја е членка на ЕУ од 2007 година и е првата земја што може да го воведе еврото по Хрватска во 2023 година.
Европскиот парламент и Европската централна банка (ЕЦБ) сè уште треба да бидат консултирани за потребните законски измени пред Бугарите да можат да плаќаат во евра, но тие чекори се сметаат за формалност.
Бугарија, според написите во медиумите од регионот како една од најсиромашните земји на ЕУ, останува на дното на листата од 27 членки во однос на бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, иако стапките на раст се повисоки од другите земји.
Покрај релативно ниските и стабилни стапки на инфлација, критериумите за пристапување вклучуваат стабилност на цените, здрави јавни финансии и стабилни девизни курсеви.
Комисијата неодамна изјави дека очекува стапка на инфлација од 3,6 проценти за Бугарија оваа година и 1,8 проценти во 2026 година, што доведе до позитивен рејтинг за Софија.
Во Бугарија, воведувањето на еврото беше проследено со жестоки протести. Во февруари, националистите запалија оган пред влезот на претставништвото на ЕУ во Софија и истурија црвена боја на стаклената фасада на зградата. Тие фрлаа молотови коктели и јајца.
Минатиот месец, поддржувачите на проруските и националистичките партии демонстрираа во главниот град Софија и во други градови, барајќи левот да се задржи поради стравувањата дека еврото ќе поттикне зголемување на цените.
Противниците на еврото собраа 604.000 потписи во корист на референдум за воведување на заедничката валута, но бугарскиот парламент го отфрли референдумот двапати – во 2023 година и во мај 2025 година.
Според анкетата спроведена од бугарскиот институт Мјара кон средината на мај, повеќе од половина од сите возрасни (54,9%) се противат на воведувањето на заедничка валута во 2026 година, додека стабилна третина (34,4%) се за приклучување кон еврозоната следната година, анализираат медиумите.