Регион
Реакции за гласањето на косовскиот премиер на денешните избори во Албанија
Специјалната известувачка на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон, го оцени како неприфатлив потегот на косовскиот премиер, Албин Курти, кој како албански државјанин денеска гласаше на изборите за новиот албански парламент.
Во објава на „Твитер“, фон Крамон истакна дека многумина во Косово се жалат за мешањето на Србија и српскиот претседател, додека во исто време Курти гласа во соседна земја.
„Не можам да разберам за што станува збор. Од една страна, сите во Косово се жалат на мешањето на Србија или српскиот претседател Александар Вучиќ, а од друга страна, премиерот на Косово гласа во соседна земја. Тоа е неприфатливо. Барем не е за мене“, напиша фон Крамон.
I cannot understand what this is all about. On one hand everyone in Kosovo complains about interference from Serbia or from President @avucic himself but on the other hand here does the PM of #Kosovo even vote in a neighbouring state. Not acceptable. At least not for me. https://t.co/J3ndibX1qq
— Viola von Cramon (@ViolavonCramon) April 25, 2021
Според албанските медиуми, косовскиот премиер Курти изјавил дека за Албанија доаѓаат многу подобри денови.
„Времето е убаво, вака ќе биде и до вечер. Посакувам што повеќе вакви убави и напредни денови да има Албанија и секој човек, што како и јас, има пасош на Албанија“, рекол Курти.
Сите избирачки места на парламентарните избори во Албанија беа затворени вечерва во 19 часот, пренесува албанскиот портал „Егзит њуз“.
Владејачката албанска Социјалистичка партија на Еди Рама, води на денешните парламентарни избори, со 46,9 проценти од гласовите, според излезната анкета на албанската телевизија „Топ ченел“.
Албанија има околу 2,8 милиони жители, а прво на глас имаат 3,6 милиони граѓани, бидејќи може да гласаат и Албанци кои живеат во други земји.
Албанците бираат 140 пратеници од 1.800 претенденти на 12 политички партии, коалиции или независни кандидати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

