Регион
РОСУ се повлече од граничните премини

Откако Белград во Брисел го прифати компромисот за решавање на ситуацијата на Косово и Метохија, денеска специјалните единици на РОСУ се повлекоа од Јариње и Брњак, објави Б92.
„Речиси сите Срби кои протестираа на Јариње и Брњак 13 дена се разотидоа од овие премини откако силите на РОСУ конечно се повлекоа од нив“, пишува српскиот портал.
Во четвртокот беше постигнато компромисно решение за кризата на северот на Косово.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека нема да има отстранување на српските регистарски таблички, односно наплата за привремени РКС таблички.
„Предвидено е повлекување на РОСУ и тоа е показател дека во иднина ваквите постапки на Албанците ќе наидат на отпор од српското население. Враќањето на КФОР во согласност со резолуцијата 1244 е значајно и покажува дека е можно да се обезбедат безбедносни гаранции за Србите“, нагласи Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролени, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.
Регион
Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.
Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.