Регион
САД дозволија Израел да ѝ продаде Ф-16 авиони на Хрватска

Американскиот Стејт департмент му одобри на Израел да ѝ продаде на Хрватска борбени авиони Ф-16, откако минатата недела ја блокираше таквата продажба.
Стејт департментот испратил известување до Конгресот за трансфер од трета страна, што се однесува на одобрувањето кон Израел за продажба на борбени авиони Ф-16 во Хрватска, пренесе порталот „Индекс.хр“, повикувајќи се на ХТВ.
Претходно, израелски медиуми пренесоа дека САД ја блокирале израелската продажба на користени борбени авиони Ф-16 во Хрватска, наводно зашто владата на претседателот Доналд Трамп била гневна бидејќи Изрел додал зајакнати електронски системи од израелско производство на авионите Ф-16С, само со цел да ја убеди Хрватска да ги купи.
САД сметале дека Израел профитирал на нефер начин бидејќи авионите се од американско производство и не било предвидено да бидат продадени на трета страна без одобрение на земјата што ги произвела.
Грција, Јужна Кореја, Шведска и САД исто така ѝ понудија на Хрватска воени авиони за да ги замени застарените МИГ-21С од руско производство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.