Регион
Семејство од Србија со две деца исчезна во Грција, аларм на социјалните мрежи

На Фејсбук профилот „Во живо од Грција“ беше објавена информација дека маж и жена од Србија со две деца исчезнале во Грција, а се бара помош од секој што знае нешто за нивното движење.
Фејсбук профилот „Во живо од Грција“ објави информација дека маж и жена од Србија и нивните две ќерки се исчезнати во Грција. Во објавата се наведува дека тоа се Александар Јокшиќ и Снежана Стаменковиќ со двете ќерки кои во неделата заминале за Тасос.
„Оттогаш е невозможно да стапиме во контакт со нив. Пријавено е во полиција, ја поминале српската и македонската граница, влегле во Грција и оттогаш им се губи секаква трага. Родителите се обидуваат да стапат во контакт со нив, но телефоните се исклучени. Бараме туристичките агенции да се вклучат и да проверат во нивните бази дали имаат патници под овие имиња. На овој начин ќе го дознаеме името на хотелот каде што престојувале, ќе контактираме со сопствениците “, се наведува во апелот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин