Регион
Сергеј Трифуновиќ уапсен на границата меѓу Србија и Хрватска: „Го однесоа во непознат правец“
Актерот Сергеј Трифуновиќ е уапсен на граничниот премин Бајаково додека преминувал од Србија во Хрватска, пишува „Слободна Далмација“.
Тој беше уапсен околу полноќ, а во текот на денот ќе биде изведен во Општинскиот суд за прекршоци во Сплит, каде што го чека ново судење.
Споменатиот медиум пишува дека Трифуновиќ очигледно не го вратил долгот кон Хрватска откако беше уапсен за своето куче во септември минатата година во Сплит.
Граѓаните потоа го пријавиле бидејќи на плажата „Каштелет“ го чувал своето куче без надзор, што вознемирило неколкумина присутни.
По апсењето на актерот на граничниот премин, се огласи неговата сопруга Исидора Мијановиќ, која тврди дека Сергеј бил физички малтретиран.
„Синоќа околу полноќ мојот сопруг е приведен на граничниот премин Бајаково по истекувањето на забраната за влез на територијата на ЕУ, без никакво објаснување, со големи непријатности, на кои бев сведок, вклучително и физички напад на граничните полицајци. Го однесоа во непознат правец. Повеќе од 9 часа немам информации за тоа каде се наоѓа, ниту која е причината за приведувањето“, напиша Исидора на „Инстаграм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Експлозија во Нови Сад: Едно лице повредено
Едно лице е повредено денеска кога се случила експлозија во Нови Сад.
Дошло до експлозија на плинска боца.
Повредениот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, но за сега не се знае сериозноста на повредите. Истрагата е во тек, а по задолжителниот увид се очекува на лице место да излезат екипи на компанијата „Нови Сад Гас“.
Регион
Три девојчиња претепале врсничка пред училиште во Панчево
На социјалните мрежи се појави снимка од тепачка која се случи синоќа во Панчево, а според првите информации се работи за тинејџерки, инаку малолетни.
На видеото се гледа како три девојчиња ги тепаат своите врсници.
Околу нив има голем број луѓе, но никој не се обидува да ги спречи во насилството. Во еден момент, претепаното девојче паѓа на бетонот, но трите врснички продолжуваат да ја удираат по глава, по што некој од присутните ги раздвојува.
Од полициската управа во Панчево велат дека веднаш ги презеле сите дејствија за идентификување на учесниците и утврдување на околностите, но дека самиот случај не бил пријавен во полиција од ниту еден од учесниците. Исто така, потенцираа дека по сознанијата за актерите на инцидентот, ќе се консултира надлежното обвинителство и судот.
Регион
(Видео) Дунав се излеа во Будимпешта: го поплави кејот и стигна до зградата на парламентот
Дунав се излеа од коритото во Унгарија, а водата го поплави кејот и стигна до зградата на парламентот во Будимпешта.
Како што јавуваат унгарските медиуми, Дунав го поплавил долниот кеј во Пешта, а водата стигнала до зградата на унгарскиот парламент.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан утринава на прес-конференција изјави дека состојбата со поплавите сè уште е сериозна и тешка.
The Danube has flooded in Budapest! 🇭🇺📷 This is what the lowest part of the city looks like The water level is expected to rise for two more days #Powodź #Powodz2024 #Budapest pic.twitter.com/Mp8hmAPAUu
— Madison Moore (@moore_madi73907) September 19, 2024
„Нашето внимание не смее да олабави и по највисокиот водостој бидејќи по ова, може да има проблеми“, изјави Орбан.
Тој додаде дека се очекува поплавата да ја напушти земјата до средината на следната недела.