Регион
Се’ за потрагата по малата Данка: Мајката повторно сослушана, таткото на полиграф, се бара во тунели, канали и шахти
Двегодишната Данка Илиќ исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле во Бор, а потрагата по неа e во тек. Полицијата со денови го чешла просторот во Бањско поле, родителите на детето неколкупати биле испрашувани, но нема трага што се случило со двегодишното девојче.
Во текот на претходните денови властите употребија тешка механизација за расчистување на просторот околу имотот на семејството Илиќ во Бањско поле, а вчера пристигнаа и два специјалистички тима за спасување од Белград и Нови Сад, од Одделението за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи.
Тие започнале детално пребарување на просторот околу куќата пред која исчезнала двегодишното девојче.
Имено, специјалистички спасувачки екипи од урнатините на Секторот за вонредни ситуации од Белград и Нови Сад, заедно со други припадници на МВР, вчера од раните утрински часови темелно го пребаруваа тунелот, подземните канали и шахтите со вкупна должина од околу 4,5 километри во реонот на Бањско Поље до градот Бор.
Во таа прилика не се пронајдени траги кои би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ.
Исто така, мајката на исчезнатото дете Ивана Илиќ во петокот повторно била повикана во полициска станица каде по четврти пат била на распит.
Таа е донесена на разговор во врска со сознанијата до кои МУП дојде преку оперативно работење, но и за информациите кои стигнуваат до полицијата преку српската верзија на системот „Амбер аларм“ за исчезнатото девојче, пишува „Нова.рс“.
„Блиц“ претходно објави дека мајката била однесена на местото на исчезнувањето за да се изврши реконструкција на настанот.
Според сознанијата на „Нова“, таткото Милош Илиќ претходно бил тестиран на полиграф. Освен него, на полиграфско тестирање биле и неколку лица, а резултатите се уште не се познати.
Белградските медиуми објавија дека тој го поминал полиграфот, но властите не го соопштија тоа.
Во текот на вчерашниот ден е уапсен и полицаец од Бор поради сомнение дека дал доверливи информации од истрагата за исчезнувањето на малата Данка.
Девојчето Данка исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути и оттогаш и се губи секаква трага.
Кафеава коса, кафени очи, висина околу 85 см. Во моментот на нејзиното исчезнување таа носела маслинесто зелена јакна, виолетови панталони и црни патики.
Поради исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“, српската верзија на „Amber Alert“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

