Регион
Се отвора најлуксузниот бутик хотел во Хрватска
Ика покрај Опатија е местото на најлуксузниот хрватски бутик хотел со пет ѕвездички, кој во април го отвора компанијата на стопанственикот Паве Зубак. Вкупната вредност на проектот, според инвеститорите, е 10 милиони евра.
„Икадор луксури бутик хотел & спа“ го уредува меѓународно признатото архитектонско студио „Артелиор“ со канцеларии во Загреб и Лондон, а самиот хотел се наоѓа во рамките на природен парк со големина од 5.000 квадратни метри и со подземен тунел под шеталиштето „Лунго маре“ е поврзан со приватна плажа која обезбедува закотвување бродови.
„Икадор“ како бутик хотел се состои од 8 луксузни соби и 6 ексклузивни апартмани, во кои може да се сместат 42 лица. Најмалата соба има 50 квадратни метри со тераса, а апартманите 80 квадратни метри со тераса. Хотелот исто така може да се пофали со најлуксузниот претседателски апартман од 280 квадратни метри и 145 квадратни метри тераса.
Намерата на инвеститорот е да се создаде целогодишна туристичка дестинација, затоа во широката понуда на „Икадор“ се истакнуваат спа и фитнес-објекти што го зафаќаат целиот трет кат, од кој се простира импресивен поглед на опатиската ривиера.
За врвната услуга ќе бидат задолжени 40 вработени бидејќи планирано е хотелот да биде отворен во текот на целата година. По примерот на светските луксузни хотели за грижата на вработените, на имотот на хотелот е изграден и депанданс за сместување на вработените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Чамец со туристи потона во Бледското езеро во Словенија
На езерото Блед во Словенија, кое секоја година го посетуваат голем број посетители од просторот на поранешна Југославија и околните земји, вчера за малку ќе се случеше трагедија кога, според словенечките медиуми, потона чамец со четворица туристи.
За среќа, тие биле спасени од смрт со брзата реакција на пожарникарите и нуркачите.
„Во 11 часот и 20 минути потона туристички чамец со четворица туристи на Бледското езеро кај вилата Златорог во Блед“, соопшти полицијата на Горење, а јави познатиот словенечки портал siol.net.
Регион
„Ќе поведеме соодветни мерки“ – српското министерство за смртта на осомничениот за убиството на малата Данка
Министерството за внатрешни работи на Србија се огласи за наводите повзарни со смртта на осомничениот во случајот со убиството на малата Данка, а во објавеното соопштение наведуваат како полицајците се однесувале кон него.
„Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешна контрола, по наредба на Вишото јавно обвинителство прибираат информации и ги утврдуваат фактите и околностите под кои во Полициската управа во Бор почина Д.Д. осомничен во случајот со убиството на малата Данка. Полициските службеници за време на постапката, постапуваат во целосност и во согласност со законите и своите овластувања“, се наведува во соопштението.
Тие исто така забележуваат дека секој што придонел за смртта на осомничениот ќе биде кривично гонет.
„Доколку се утврди дека имало злоупотреби и пречекорувања на овластувањата при постапување со починатиот Д.Д., Секторот за внатрешна контрола ќе поведе соодветни законски мерки против лицата кои го прекршиле законот и полициската етика, а за тоа јавноста ќе биде информирана навремено“, се додава.
Осомничениот Далибор Драгијевиќ (40) од Бор, кому му беше одреден притвор до 48 часа поради сомнение дека му помагал на Дејан Драгијевиќ (50), осомничен за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ по криминал, почина на 7 април во Полициското одделение во Бор.
Според официјалното полициско соопштение, Далибор починал во притвор како последица на срцев удар.
Далибор Драгијевиќ беше уапсен на 6 април, заедно со неговиот татко Радослав, под сомнение дека му помагале на својот брат Дејан да го премести телото на убиената Данка Илиќ.
Далибор пред смртта признал дека му помогнал на својот брат Дејан да се ослободи од телото на Данка Илиќ. Тој ја водеше полицијата на неколку локации, но телото на Данка Илиќ не беше пронајдено на ниту една од нив.
Ненадејната смрт на братот на убиецот може да влијае на истрагата, бидејќи тој беше еден од трите клучни луѓе кои можеа да и помогнат на полицијата во потрагата по телото на Данка.
Регион
Србија испраќа хуманитарна помош за Палестинците: Денеска и утре летаат авиони со стока наменета за загрозените во Појасот Газа
Владата на Србија соопшти дека го усвоила Заклучокот за испраќање хуманитарна помош во стока за Палестина, како форма на помош за ранливото население поради критичната хуманитарна ситуација во Појасот Газа.
Хуманитарната помош се дава во вид на храна, вода, медицинска опрема, како и шатори за сместување на семејствата, а вкупната вредност на робата е близу три милиони евра, со тежина од околу 900 тони.
Едниот авион денеска ќе ја земе помошта, а другиот утре, се наведува во соопштението и се додава дека „никој не може да процени“ кога оваа стока ќе стигне до жителите на Газа, со оглед на сложеноста на ситуацијата. Остатокот од хуманитарната помош во неколку наврати ќе биде транспортиран со бродови.
Владата се согласи со предлогот на Министерството за надворешни работи да одговори на повикот на специјализираната агенција на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) за обезбедување финансиска поддршка на Програмата за итна помош на Газа, со уплата на средства во износ од 10.000 евра.