Регион
Се преврте брод кај Пелопонез, загинаа најмалку 32 мигранти: најголемиот бродолом во Грција оваа година

Најмалку 32 мигранти загинаа утрово кога бродот што ги превезувал се превртел и потонал во близина на брегот на Грција во меѓународните води кај Пелопонез, соопшти грчката крајбрежна стража.
Властите соопштија дека се спасени сто луѓе.
Тоа е најголемиот бродолом на мигранти во близина на Грција оваа година, објави „Ројтерс“.
Истрагата на крајбрежната стража е во тек, а според достапните информации, на рибарскиот брод, долг 30 метри, во моментот на неговото превртување во близина на градот Пилос имало најмалку 400 лица поради што се стравува дека стотици луѓе се водат како исчезнати, пренесува „Катимерини“.
Досега се спасени вкупно 104 мигранти. Четворица со симптоми на хипотермија се пренесени со хеликоптер во болница во Каламата, а другите се префрлени во пристаништето.
Грчките власти веруваат дека рибарскиот брод, кој пловел за Италија, тргнал од Тобрук, Либија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Град со големина на јајце: невреме попладнево ја зафати Србија

Денес попладне, невреме пропратено со обилни врнежи од дожд и град и силни грмотевици зафатија делови од Србија.
Околу 13 часот, градот го забеле поширокото подрачје на Лозница.
Исклучително силна бура се формираше и над источниот дел на Србија и донесе град со големина на јајце во Заечар.
Попладне, силните грмотевици ќе се движат подалеку кон североисток.
На некои локации во Србија се очекува да наврнат повеќе од 30, па дури и 50 литри дожд на квадратен метар, со ризик од урбани поплави и порои.
Регион
Турчин во Косово избодел до смрт една од своите ќерки, а другата тешко ја повредил

Маж утрово во Призрен, Косово, избодел до смрт една од своите ќерки и тешко ранил друга. Неговата сопруга исто така беше повредена. Осомничениот е уапсен, објавува порталот КоССев.
Во полициското соопштение се вели дека службите за итни случаи не биле во можност да им пружат помош на девојките на местото на настанот бидејќи осомничениот бил таму со нож во рака. Потоа беа испратени четири полициски патроли.
„На местото на настанот беше утврдено дека осомничениот, М.Г., роден 1981 година, маж, ги избодел своите две ќерки со нож. 15-годишната девојка починала на самото место, додека другата е тешко повредена и моментално се наоѓа во КБЦ во Приштина. Таа е во тешка состојба“, се вели во соопштението.
„Осомничениот, исто така, се повредил и е во Регионалната болница во Призрен. Неговата 35-годишна сопруга, исто така, се здобила со повреди“, се додава во соопштението. Станува збор за турски државјани кои имаат одобрена дозвола за привремен престој во Призрен.
Основното обвинителство во Призрен го окарактеризира овој случај како тешко убиство.
Регион
Украл автомобил со мало девојче внатре: драма на бензинска пумпа во Србија

Полицијата во Обреновац од синоќа бара „Пунто“ кое еден маж го украл од бензинска пумпа, забрзал и избегал, објави „Телеграф.рс“.
Во моментот на кражбата, во автомобилот имало 12-годишно девојче.
Како што дознава Телеграф.рс, 26-годишна девојка дошла со „пунтото“ на нејзиниот татко на бензинската пумпа во Обреновац. Во еден момент, таа отишла да плати за бензин и ги оставила внуката и клучевите од автомобилот во возилото. Непознат маж го искористил невниманието на девојката, влегол во автомобилот и избегал. Малото девојче кое било во возилото успеало да скокне од него.
Како што дознава Телеграф, детето не било повредено. За случајот беше информирано и обвинителството.
Полицијата се обидува да го идентификува крадецот врз основа на снимка.