Регион
Силен земјотрес го погоди западниот брег на Турција

Силен земјотрес со магнитуда од 5,6 степени по Рихтер го погоди западниот брег на Турција, а се почувствувал и во јужниот дел на Грција и во Бугарија. Епицентарот на земјотресот бил 144 километри северозападно од градот Измир во Турција, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
M5.6 #earthquake (#deprem) strikes 144 km NW of #İzmir (#Turkey) 5 min ago. Effects reported by eyewitnesses: pic.twitter.com/8gPD0kTV9p
— EMSC (@LastQuake) February 20, 2019
Жителите во областа погодена од земјотресот на страницата на ЕМСЦ коментирале дека земјотресот траел околу 7 секунди, а некои напишале дури и 30 секунди, при што се треселе ѕидовите, полиците и светилките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.