Контакт

Регион

Силен земјотрес ја погоди Грција

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди Крит.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот е регистриран на 60 километри североисточно од Ираклион.

Земјотресот бил на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Регион

Мајката на момчето убиец од „Рибникар“ ја негира вината: бурно на судењето, татковците на убиените девојчиња ја напуштиле судската сала

Објавено пред

Милјана Кецмановиќ (46), мајката на момчето убиец, кое на 3 мај минатата година уби девет ученици и лице на обезбедувањето во ОУ „Владислав Рибникар“, денеска првпат по злосторството во судница во Високиот суд во Белград.

dobivaj vesti na viber

Според „Блиц“, Милјана Кецмановиќ на почетокот на излагањето на одбраната ја негирала вината за делата за кои била обвинета.

Како што понатаму се наведува во написите, таа изјавила и дека нема да одговара на прашањата на адвокатот и дека ќе дава одговори само на прашањата на оштетените. Досега прашањата ги поставуваа Обвинителството и одбраната на обвинетиот.

За време на паузата родителите на убиените деца ги запишале своите прашања на хартија.

Мајката на момчето убиец денеска пристигнала во судницата во придружба на своите адвокати, а на судењето присутни се и родителите на убиените деца.

Во првиот дел од судењето татковците на Ангелина Аќимовиќ, Андријана Дукиќ и Мара Анѓелковиќ од непозната причина ја напуштија судницата, а на паузата сите ја напуштија судницата, освен Милјана Кецановиќ, пренесува медиумот.

Според Обвинителството, мајката на момчето убиец е обвинета за кривични дела – недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи.

Обвинителството за Милјана Кецмановиќ предложи затворска казна од 2 години и 6 месеци.

Прикажи повеќе...

Регион

Пронајдени две тела во БиХ: сопругот ја убил сопругата, а потоа и себеси

Објавено пред

Телата на две лица, Р. А. (69) и М. А. (61), биле пронајдени во куќа во населбата кај Фоча, а според првичните информации, мажот ја убил сопругата, а потоа и себеси, потврдија за Радио Фоча во Полициската управа – Фоча.

dobivaj vesti na viber

Телата биле пронајдени вчера околу 17 часот по пријава во полиција.

На местото на настанот излегле службеници од Полициската управа – Фоча заедно со итната медицинска помош“, додаваат од полицијата.

Од таму додаваат дека полициски службеници го пронашле телото на жената М. А. и на мажот Р. А. со повреди предизвикани од употреба на огнено оружје.

Обвинителот на Окружното обвинителство Требиње е запознаен со сѐ, а најверојатно се работи за убиство и самоубиство.

Во Клиничката болница во Фоча денеска ќе се изврши обдукција на телото на брачните другари.

Прикажи повеќе...

Регион

Сијарто: Време е да се стави крај на демонизацијата на српскиот народ

Објавено пред

Време е да се стави крај на демонизацијата на српскиот народ, надворешните интервенции и заканите со санкции, изјави денеска министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

dobivaj vesti na viber

Тој во објава на „Фејсбук“ му посака добредојде на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој е во официјална посета на Унгарија.

Сијарто напиша дека мирот и стабилноста на Балканот се предуслов за мирот и стабилноста на Европа.

„За жал, во последните неколку недели беа преземени неколку западноевропски одлуки и мерки што ги зголемуваат тензиите на Западен Балкан и предизвикуваат безбедносни ризици. Време е да се запрат надворешните интервенции, заканите со санкции и демонизацијата на српскиот народ“, изјави Сијарто.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, претпладнево се сретна и со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

На средбата со Сијарто беше потпишан меморандум за разбирање во областа на примената на новите технологии во здравството, пренесува „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ13 минути

Импровизиран кревет и забоден кујнски нож нашла Кацарска пред гаражата – заканите се пријвени во МВР

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, пријавила во МВР дека добила закани за својот живот. Од полицијата информираа дека случајот...

Македонија2 часа

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Тој е врвен професионалец, зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Вработените на Клиниката за токсикологија преку писмо застанаа во одбрана на својот колега Нико Беќаровски за кој претходно Министерството за...

Македонија2 часа

Беќаровски обвинуван за навреди на национална основа, докторот најави тужба и тврди дека објавената изјава е лажна

Министесртвото за здравство упати обвинувања за докторот од Токсикологија, Нико Беќаровски, дека ги навредувал Албанците на национална основа. Изјавата е...

Топ2 часа

МВР со детали за запаленото возило на директорот на „Идризово“: Пожарот зафати дел од фасада на зграда и балкони

Денеска, околу 3.35 часот, во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода било...

Регион4 часа

(Видео) „Ги зедов да ги заштитам“: првите зборови на таткото што ги држеше децата како заложници во Драч

Алекс Марку (40), кој синоќа во Драч со часови ги држеше во заложништво своите две малолетни деца додека пукаше со...

Топ5 часа

Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”

Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил ,,пасат” на Зоран Јовановски, директорот на затворот ,,Идризово”. „На 15.05.2024 околу 03.35 часот...

Свет5 часа

„Раѓаме бебиња само за да ги изгубиме“: плачот на мајките од Газа чии деца беа убиени во нападите

Раним Хиџази се сеќава дека цврсто го држела својот едногодишен син Азуз пред израелскиот воздушен напад. Дронот што лета над...

Свет5 часа

Путин: Односите меѓу Кина и Русија достигнаа највисоко ниво и покрај меѓународните предизвици

Рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на неговата дводневна државна посета на Кина, која започнува утре, изјави дека координацијата на...

Свет6 часа

(Видео) Немири во Нова Каледонија поради реформите, гореа згради и училишта, еден убиен

Повеќе од 130 лица се уапсени во Нова Каледонија, француска прекуморска територија, по втората ноќ на насилни протести, соопшти француската...

Европа7 часа

Еден од клучните луѓе на Украина: Ги искористивме сите сили што ги имаме, на работ сме

И додека шефот на воената разузнавачка служба на Киев предупредува дека борбите меѓу руските и украинските трупи во североисточниот регион...

Топ21 час

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци: жртвите пронајдени со повреди на главата, со убодни рани најден и осомничениот

Денеска  во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со...

Топ22 часа

Двојно убиство во скопско Стајковци

Во скопско Стајковци, попладнево се убиени две лица. Повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел....

Македонија23 часа

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа, ќе поднесат кривична за Даштевски и тужба во Управниот суд

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денес обвини за изборен инженеринг и кражба на гласови на парламентарните избори. Од изборните единици 1,...

Македонија24 часа

Демири пред заминување го разреши директорот Петровски од Токсикологија, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петревски. Вработените на Клиниката соопштија дека Петровски, кој...

Македонија1 ден

ДИК ги усвои приговорите за седум избирачки места

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека усвоила приговори за седум избирачки места. Со тоа усвоени се приговорите за Желино, ИМ 2101,...

Македонија1 ден

„Вреди“: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Коалицијата „Вреди“ тврди дека имало прекршувања во Шестата изборна единица аргументирајќи дека вчера со одлуката на Државната изборна комисија уште...

Топ1 ден

Почина седумесечно бебе во специјалната болница во Охрид: му бил извршен хируршки зафат, a ден пред тоа било донесено со хематом на главата

Денеска, во раните утрински часови, во СВР Охрид било пријавено дека во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен...

Топ1 ден

Автомобили се судрија во Чаир, настрада пешак – жената што се нашла на улицата тешко повредена

Вчера, на улицата Ферид Бајрам во скоската населба Чаир, се судрија два автомобила, при што удрена е и жена пешак. Од...

Македонија1 ден

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Македонија1 ден

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во...