Регион
Два земјотреси ја погодија Грција
Два земјотреси вечерва ја погодија Грција на неколку минути еден од друг. Првиот земјотрес беше со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, додека вториот со јачина од 2,5 степени, пренесува ЕМСЦ.
Епицентарот на двата земјотреси бил на околу 26 километри јужно од островот Скијатос.
„Земјотресот беше толку силен што го потресе ресторанот“, „Слушнав крцкање и креветот почна да ми се тресе“, пишуваат жителите на Грција.
Засега нема извештаи за евентуална материјална штета или повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото) Грчки нуркачи го чистеа морето кај Солун, не можеле да поверуваат што пронашле
Тим од 20 нуркачи волонтери го чистеа брегот кај Солун и извлекоа неочекуван „улов“ од водата: цела флота возила, наведуваат на страницата Никана.гр.
„Дваесет нуркачи волонтери, со помош на други членови на тимот и механизација, го чистеа брегот кај Солун на потегот од Белата кула до првото пристаниште. Како што можете да видите на сликите, „фатен е“ цел арсенал на превозни средства“, скутери, велосипеди, па дури и помали мотори. Им честитаме на волонтерите и секако ги поддржуваме ваквите акции кои придонесуваат за почиста морска средина“, беше наведено заедно со фотографии од местото на настанот.
Многумина беа шокирани, на луѓето не им е јасно како и зошто сето ова се нашло на морското дно, а објавата брзо стана вирална како предупредување за околината.
Регион
Трагедија во Улцињ: се удави Украинец, жената и детето извлечени во последен момент
Во текот на денот се случила несреќа на црногорското приморје кога на плажата кај Улцињ се удави 36-годишниот Украинец О.Ј., објавија црногорските медиуми.
„Беше во морето со сопругата и синот, тој загина, а сопругата и детето беа спасени благодарение на Холанѓанецот кој ги извлече. Нивните животи не се во опасност“, потврдија од полицијата за РИНА.
Инаку, поради лошите временски услови од претходните денови, се апелира до граѓаните и туристите да внимаваат кога е во прашање капењето во море и возењето чамци.
Регион
(Видео) Снимен драматичниот момент од авионската несреќа во Бугарија: авионот веднаш се запали, две лица загинаа
Во воздухопловната база Граф Игнатиево во Бугарија денеска се случи катастрофа кога за време на изведување на многу тежок маневар на мала висина се урна воениот тренинг авион Аеро Л-39ЗА Албатрос, јавува бугарската државна телевизија.
Во несреќата загинаа двајца пилоти.
На социјалните мрежи почнаа да кружат видеа од авионската несреќа.