Регион
Силна експлозија во Словениjа, загинале татко, син и нивниот сосед

Три лица загинале во експлозија што се случила денеска околу 15:30 часот во Ланчово во општина Радовљица, во северозападна Словенија, за која причините сè уште се испитуваат, пренесува хрватски „Индекс“.
Експлозијата се случила во објект во близина на локална продавница, кој бил изнајмен, а некогаш служел како работилница за столарија.
Пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот веднаш го обезбедиле објектот и ги исклучиле водата и струјата, но експлозијата, која била многу силна, не предизвикала пожар.
Полицијата по првичната истрага соопшти дека експлозијата најверојатно се случила во близина на печка на цврсто гориво, но нејзината точна причина сè уште не е позната.
Истрагата ќе продолжи во текот на утрешниот ден.
Според првичните информации, најверојатно загинале луѓето кои го изнајмиле објектот.
Локалните медиуми објавија дека загинеле 40-годишен маж и неговиот 20-годишен син, како и нивниот сосед, исто така 40-годишник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.