Регион
Силно невреме зафати делови од Хрватска

Најавената промена на времето, што треба да ја зафати скоро цела Хрватска вечерва и утре, веќе пристигна во Далматинска Загора.
Како што јавуваат тамошните медиуми, во раните попладневни часови имало силен развој на облачност во голем дел од Загора, проследен со грмотевици и врнежи во некои делови.
Во областите погодени од дождот, температурата на воздухот за кратко време паднала за повеќе од 5 Целзиусови степени.
Поради опасност од грмежи, прогласен е жолт метеоролошки аларм за централна и источна Хрватска, додека во Далмација е на сила жолт метеоролошки аларм, поради високите температури кои произлегуваат од топлотниот бран што се очекува да се задржи над Хрватска уште денеска.
Од истата причина, прогласен е портокалов аларм во Истра, Кварнер и подвелебитската област, со нагласување дека таму е на сила и жолт аларм заради опасност од невреме, а на крајниот југ на брегот важи портокаловиот аларм поради високите температури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.