Регион
Скандал во Србија: Била отпуштена од работа затоа што ги критикувала Вучиќ и Брнабиќ

Нуклеарна инженерка вработена во Дирекцијата за радијација и нуклеарна безбедност на Србија добила отказ поради објави на Твитер за српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, пишува „Време“.
Во отказното решение, до кое имале увид новинарите на порталот „Време“, се наведуваат цитати од два твита со кои нуклеарната инженерка е прогласена за „неспособна за работа во државна институција“.
Решението за разрешување, според медиумот, го потпишал директорот на дирекцијата за радијациона и нуклеарна безбедност, а неделникот додава дека службата за информирање на Дирекцијата две години ги следела нејзините твитови.
Весникот „Време“ пишува дека таа никогаш не ја критикувала власта под нејзиното полно име, ниту во работното време, ниту ја споменала ниту коментирала институцијата во која работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца Британци осомничени за силување во хотел во Сплит

Тројца британски државјани од албанско потекло се приведени под сомнение за силување на 28-годишна жена во хотел во Сплит, објавува „Далматински портал“.
Полицијата добила пријава во вторникот, кратко по 7 часот наутро. На местото на настанот пронашле еден осомничен, додека другите двајца биле брзо пронајдени и уапсени.
По завршувањето на кривичната истрага, полицијата утврдила дека постои основано сомнение дека тројцата заеднички и согласно го сториле тешкото кривично дело силување врз хрватската државјанка.
Тие биле испрашани од државното обвинителство, а се очекува предлог за изрекување мерка притвор.
Фото: принтскрин
Регион
Силен земјотрес го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди грчкиот остров Крит попладнево, со епицентар во морето, југозападно од градот Ханија.
Земјотресот се случил во 16:26 часот по локално време на длабочина од околу 50 километри, според конечните податоци од Националната опсерваторија во Атина (NOA), пренесуваат медиумите во регионот.
Земјотресот бил почувствуван во пошироката област на западен Крит, но според досегашните информации, не предизвикал значителна материјална штета. Локалното население пријавило слабо до умерено тресење. Најсилно бил почувствуван во градот Кисамос, на околу 34 километри од епицентарот. Послаби потреси биле регистрирани и во поголемите градови како што се Ханија, Суда и Ретимно.
Регион
Трагедија на Раб: дете падна од воден тобоган и почина

Дете почина вчера попладне во болницата во Риека кога падна од воден тобоган, соопшти хрватската полиција.
Според полициското соопштение, детето е германски државјанин, кој починал кога паднал од воден тобоган, објави „Јутарњи“.
Полицијата во соработка со сите други надлежни служби и институции ги утврдува околностите и фактите поврзани со смртта на детето, соопшти Полициската управа приморско-горанска.
Фото: принтскрин