Регион
Словенечката полиција почна предупредувачки штрајк, забавен сообраќајот на граничните премини
Полицијата во Словенија почнала предупредувачки штрајк, што влијаело да се забави сообраќајот, особено на граничните премини.
Како што било најавено, штрајкот ќе трае од 8 до 12 часа, а поради штрајкот, се формирале колони од камиони на граничните премини Брегана – Обрежје и Грушковје – Мацељ, каде што се чека повеќе од два часа, пренесува загрепски „Индекс“.
Полицијата почнала штрајк поради неисполнетите ветувања на владата за зголемување на платите и другите услови, меѓу кои и платена работа во трета смена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Даночната управа во БиХ објави изненадувачки податоци за бојкотот: прометот поголем од вообичаеното
Бојкотот на продавниците организиран на последниот ден од јануари во Босна и Херцеговина во знак на протест против високите цени, според податоците на Даночната управа, не ги даде очекуваните резултати, а организаторите на акцијата најавуваат нови подолгорочни мерки.
Официјалните статистички податоци покажуваат дека прометот во продавниците на 31 јануари бил еднаков или дури поголем од претходните денови. Според податоците на Даночната управа на Босна и Херцеговина, продавниците оствариле промет од 52,1 милиона евра, што е уште повеќе од претходниот ден кога изнесувал 51,9 милион, а значително повеќе од пред една недела кога прометот бил 47,2 милиони евра.
И покрај неочекуваната статистика, организаторите на бојкотот не се откажуваат и најавуваат нови подолгорочни акции, кои имаат цел да ги притиснат трговските синџири да ги намалат цените и да обезбедат пофер услови за потрошувачите. Планиран е повеќедневен бојкот, како и промовирање алтернативни форми на купување производи директно од производителите и локалните трговци на мало. Така, за работните денови од понеделник до петок, 6 февруари, организаторите ги повикаа граѓаните да ги намалат набавките, а в петок, 7 февруари, и в сабота, 8 февруари, повикуваат на тотален бојкот на продавниците.
Регион
Земјотрес од 6 степени според Рихтер би бил катастрофален за Санторини, цунами е малку веројатно, но не и невозможно, вели грчки експерт
Земјата во Грција не мирува веќе 10 дена, а стравот и агонијата кај жителите на Санторини се зголемуваат бидејќи сеизмичката активност не стивнува. За оваа ситуација се огласи истражувачот Костас Папазахос, кој за грчките медиуми зборуваше за последиците што може да ги има земјотресот на грчкиот остров.
„Ова е еден од најтешките периоди во овој грчки регион. Тоа не мора да значи дека ќе има силен земјотрес, само е можно да се ослободи топлинска енергија и да имаме помали земјотреси на Санторини, кои траат долго време“, објаснува експертот.
„Од сè што слушнавме во последните денови, има работи што мора да ги знаеме и работи што не би можеле да ги знаеме. Прво, во светот постои сериозна научна технологија, која би го проценила ризикот од земјотреси. Има некои индикации“, објаснува.
Тој вели дека земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала или посилен би бил катастрофален за грчкиот остров.
„Секако, доколку се случи земјотрес од оваа јачина, ќе има штети во радиус од 225 километри“, објаснува Костас.
Костас посочува дека е малку веројатно оти би се случило цунами во Грција, но не и невозможно. Секако, земјотресот може да предизвика големи штети на зградите, главно постарите.
„Многу е тешко да се дефинира кога може да се појави таков проблем, може да трае неколку дена, недели… Има случаи што траат една недела, а некои и неколку месеци. За жал, ова е непредвидливо“, вели тој.
Што се однесува до вулканската активност, тој вели дека се работи за две сосема спротивни појави што се случиле во блиски временски периоди. Вулканот со месеци доживува деформација во рамките на Калдерата, што доведува до мали земјотреси или ниска сеизмичност.
„Тоа е вредно за внимание поради што Цивилната заштита излезе со соопштение за благa сеизмичност. Оваа интензивна сеизмичност сега е втора појава поради што Санторини е нападнат од две страни“, вели Костас.
Регион
Уште еден многу силен земјотрес ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес, 3 февруари 2025 година, во 10.29 часот во Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во близина на Додеканезите.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10,1 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Серија силни земјотреси во последните 24 часа се регистрирани во областа Санторини.