Македонија
Словенечкиот претседател смета дека договорот со Грција ќе го поттикне Балканот да ги решава проблемите
Словенечкиот претседател, Борут Пахор денеска оцени дека договорот за решавање на спорот помеѓу Македонија и Грција може да ги поттикне и другите балкански земји да ги решат меѓусебните проблеми.
„Договорот е важен сигнал кој би поттикнал решавање на билатералните и мултилатералните прашања на Западниот Балкан. Договорот ги промовира мирот, безбедноста и евроатланската перспектива на регионот“, изјави Пахор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за слаби врнежи од дожд
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.
Скопје
Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје извести претходно дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не беше безбеден за движење со моторни возило и апелираа истиот да не се користи поради голомразица.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.