Регион
Словенија го објави планот за отворање на економијата
Словенечката влада денеска одреди критериуми според кои одредени дејности постепено ќе се отвораат по најстрогите мерки за заштита од вирусот воведени пред пет недели, кои сè уште не го даваат посакуваниот резултат.
Станува збор за еден вид семафор, кој го поврзува ублажувањето на мерките со просечниот број дневни инфекции во последната недела, односно со бројот на лица заразени од Ковид-19.
Според семафорот, кој го дели развојот на вториот бран на епидемијата во фази, до првото релаксирање на мерките може да дојде во т.н. црвена фаза кога неделниот просек на дневно потврдени инфекции со коронавирус ќе падне под 1.350, а бројот на хоспитализирани пациенти на помалку од 1.200.
Во таа фаза, според планот на владата објавен на „Твитер“ од премиерот Јанез Јанша, повторно ќе бидат отворени музеите, библиотеките, галериите, фризерските и салоните за убавина, како и студијата за маникир и педикир, а јавниот превоз ќе биде отворен во ограничена мерка.
Моментната состојба во Словенија е дека неделниот просек на дневни инфекции е 1.461 новозаразен, а во болниците има 1.289 пациенти, соопшти Јанша додавајќи дека Словенија во моментот е во т.н. црна фаза и сè уште е далеку од зелената, во која ќе има целосно олабавување на мерките и ограничувањата.
Како што јавуваат словенечките медиуми, меѓу владата и епидемиолозите последниве денови имало мал консензус во врска со можните попуштања бидејќи се најавуваше дека следната недела училиштата ќе бидат повторно отворени и дека ќе завршат онлајн-предавањата, но сега е јасно дека тоа нема да се случи. Како што се наведува, не е јасно ниту што ќе се случи со евентуалното отворање на ски-центрите за што исто така се дискутира, но целата ситуација е под голем знак прашалник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

