Регион
Словенија ја зајакнува граничната контрола поради илегалните мигранти, ја ангажира војската

Словенија планира да ја интензивира изградбата на оградата на границата со Хрватска и да ја прошири употребата на други технички средства заради контрола на границата и спречување илегална миграција, рече министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс.
„Единствениот начин да се запечати границата е да се постави целосна ограда, соодветен технички надзор и армијата или полицијата по нејзината должина. Само Израел може да има таква добро заштитена граница. Веројатно нема да го имаме тој степен на заштита, но ќе дадеме сè од себе за да ја заштитиме границата што е можно повеќе “, рече Хојс за неделникот „Демократија“.
Владата планира во поголема мера да ја ангажира војската за заштита на границата и да ја интензивира изградбата на оградата, пренесува СТА.
Хојс вели дека е невозможно да се каже дека нема да има повеќе нелегално преминување, но дека тоа треба да се спречи што е можно поефикасно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.