Регион
Смртни закани по телефон за Милорад Додик

Смртни закани по телефон им биле упатени вчера на преседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, како и на членовите на Кабинетот на српскиот член на Претседателството на БиХ, соопшти Кабинетот на Додик.
За заканите се информирани надлежните служби. Се преземаат мерки од нивна надлежност со цел да се откријат лицата кои ги упатиле заканите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пронајдена двегодишната Дуња Марковиќ, огромна потрага во Србија цела ноќ

Куче за спасување на планинската служба за спасување утрово го пронашло двегодишното девојче Дуња Марковиќ.
За потсетување, девојчето исчезна вчера во градот Уб. Како што дознава Телеграф.рс, девојчето е добро.
Девојчето го пронашло специјално обучено куче на планинската спасувачка служба. Детето цела ноќ поминало надвор, настинало, но е во добра здравствена состојба.
Девојчето исчезнало вчера околу 14 часот кога излегло од дома. Веста за нејзиното исчезнување дојде преку апликацијата „Пронајди ме“.
Родителите на Дуња, како што вчера напиша Телеграф, во моментот на исчезнувањето на девојчето не биле дома, туку ја чувале други деца. Таткото на Дуња во тоа време бил на работа, а нејзината мајка на погреб.
Децата си играле пред куќата кога во еден момент девојчето исчезнало.
Регион
Исчезна двегодишно девојче во Србија: ја бараат со дронови, вклучени се и кучиња обучени за потрага

Двегодишното девојче Дуња Марковиќ исчезна вчера попладне, околу 14 часот во Уб, Србија.
Полицијата го активираше системот „Најди ме“. „На 03.03.2025 година околу 14 часот во Уб исчезна 2-годишно девојче. Повеќе информации на pronađime.mup.gov.rs. Секоја информација што ја имате пријавете ја на 192“, се наведува во СМС пораката испратена до сите граѓани на Србија.
Исчезнатото девојче има кафена коса, кафени очи и е висока околу еден метар. Во моментот на нејзиното исчезнување таа носеше сива тренерка и сив дуксер. Местото на исчезнувањето било наведено како улица 8-ми Март.
Телеграф пишува дека во моментот на нејзиното исчезнување била со нејзините постари браќа, момчиња кои се во прво и второ одделение.
Како што неофицијално дознава Телеграф, таткото на Дуња бил на работа во моментот на нејзиното исчезнување, а иако првично се мислело дека нејзината мајка е на работа, се испоставило дека таа била на погреб.
Телеграф пишува дека во потрагата по девојчето се распоредени дронови, пристигнале и членови на планинската спасувачка служба и кучиња обучени за потрага.
Припадниците на планинската спасувачка служба користат термални камери при потрагата по девојчето, а според последните информации во потрагата по девојчето се вклучиле и ловџии.
Регион
Планинар паднал во бездна во Словенија и починал

Во неделата при искачување на планина 43-годишен хрватски планинар се лизнал и паднал во бездна. Поради тешките повреди, тој починал на местото на несреќата.
Полициската управа во Крањ соопшти дека во неделата околу 12 часот добиле пријава за несреќата.
Неколку планинари се искачиле на снежната планинска патека. Пешачејќи, 43-годишниот хрватски планинар се лизнал на висина од речиси 1.900 метри, а потоа паднал во бездната. И покрај соодветната опрема, тој добил тешки телесни повреди и починал на самото место.
Спасувачите од Регионалната управа за катастрофи и вонредни ситуации (ГРД) Крањ и дежурната екипа на Здружението за спасување на планина на Словенија (ГРЗС) пристигнаа на местото на несреќата со полициски хеликоптер, кој потоа го пренесе телото на планинарот во долината.
Полицискиот службеник од полициската единица „Планина“ изврши увид и продолжува со собирање информации за сите околности на несреќата. Сите досегашни сознанија укажуваат на трагична планинска несреќа. Полицијата за сите информации ќе го извести надлежното државно правобранителство, соопштија од Полициската управа во Крањ.