Регион
Србин убиен кај Марбеља: тело со рана од куршум пронајдено во луксузна вила, на злосторството му претходела забава
Телото на белграѓанецот Александар М., кој беше убиен во понеделникот, е пронајдено во луксузна вила кај Марбеља за која постои сомневање дека ја изнајмил.
Според првите резултати од истрагата, како што пренесуваат шпанските медиуми, постои сомневање дека тој е убиен со еден истрел од пиштол, кој бил испукан во неговиот грб.
„Телото е испратено на обдукција, која треба да биде завршена денеска. Оштетениот имал една прострелна рана во грбот, која била смртоносна, но обдукцијата треба да го покаже точното време кога се случило злосторството, како и да покаже дали има други повреди на телото“, наведуваат од таму.
Националната полиција на Шпанија поведе истрага, а се сомнева дека во вилата била организирана забава, на која дошло до пукањето.
„Сѐ ште никој не е уапсен, а полицијата се обидува да го утврди идентитетот на лицата што биле во вилата во моментот на нападот, како и мотивот за убиството зад грб“, велат од таму.
Според медиумите, во понеделникот, во 8.55 часот, маж се јавил во полиција и пријавил дека слушнал истрели. На местото на злосторството бргу пристигнале припадници на националната полиција и на здравствената служба, но не можеле да го спасат Александар М. Неговото тело било пронајдено во локва крв.
Лекарите укажале помош на други двајца мажи на имотот, но тие не се тешко повредени и немало потреба да ги однесат во болница“, пишуваат медиумите.
Според медиумите, на релација Шпанија – Србија живеел Александар М. Се сомнева дека со себе имал и фалсификувани документи поради што најпрвин не се знаело дека убиениот е државјанин на Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сирија го призна Косово
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, објави дека Сирија ја признала независноста на Република Косово, пренесува Анадолу.
Османи, која е во официјална посета на Ријад, изјави дека со поддршка на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, е постигнат договор со кој Сириската Арапска Република ја признава Република Косово.
Османи му се заблагодари на сирискиот претседател Ахмед ал-Шарија за одлуката за признавање на Косово, како и за неговата поддршка за Косово.
„Народот на Косово и Сирија многу страдаше и жртвуваше за да постигне слобода. Затоа, ова меѓусебно признавање денес не е само признавање на државниот суверенитет, туку и признание на жртвите на многу генерации за слободен живот“, рече Османи.
Таа, исто така, му се заблагодари на саудискиот престолонаследник „што го овозможи овој историски чин меѓу двете земји“. Со признавањето од Сирија, сега 120 земји ширум светот го признаа Косово.
Регион
Додик му се заблагодари на Трамп
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, се огласи откако САД ги укинаа санкциите против него, заблагодарувајќи му се на американскиот претседател Доналд Трамп за исправката, како што тврди, на големата неправда. Тој ја нарече одлуката морална рехабилитација на вистината за Република Српска.
Во објава на социјалните мрежи, Додик му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите соработници за „исправката на големата неправда нанесена врз Република Српска, нејзините претставници и нивните семејства“, која, како што наведува, „ја создадоа администрациите на Обама и Бајден“.
„Одлуката за укинување на санкциите не е само правна, туку и морална рехабилитација на вистината за Република Српска и сите оние кои чесно ѝ служат. Уште еднаш се покажа дека сè што беше кажано против нас беше лага и пропаганда, врз која беше изграден големиот хаос што го создаде Кристијан Шмит – хаос што сега мора да се исчисти“, рече Додик.
Тој додаде дека може да им прости сè на оние кои се фалеле и верувале во туѓите лаги во изминатите години, „освен годините што ги изгубиле затоа што верувале дека Република Српска ќе падне“. „Денес е јасно – таа никогаш нема да падне“, рече Додик.
Фото: ЕПА
Регион
САД ги укинаа санкциите за Додик
САД одлучија да ги укинат санкциите за неколку лица од Република Српска, што е поврзано со неофицијален договор меѓу Милорад Додик и новата американска администрација.
Санкциите беа укинати за Милорад Додик, Жељка Цвијановиќ, семејството Додик, нивните компании и многу други блиски соработници.
Во петок, 17 октомври, САД ги укинаа санкциите за четворица блиски соработници на Додик, кои првично беа ставени на црната листа за организирање и промовирање на неуставниот „Ден на РС“. Тие се Јелена Пајиќ Баштинац, Данијела Драгичевиќ, Горан Раковиќ и Дијана Миланковиќ.
Неофицијални извори тврдат дека укинувањето на санкциите е резултат на договор меѓу САД и Додик, според кој Додик морал да ја напушти функцијата претседател на РС по конечната пресуда и да назначи вршител на должноста претседател.
Откако Ана Тришиќ-Бабиќ беше избрана за вршител на должноста претседател на Република Српска, со што се исполни тој дел од договорот, Америка постепено ги укинува санкциите за другите соработници на Додик, а тој процес треба да биде завршен до крајот на овој месец.

