Регион
Србија има нов начин на броење на излекуваните, за еден ден бројот порасна за 4.000
Бројот на излекувани од коронавирус во Србија се зголеми за нешто над 4.000 за само еден ден, што предизвика многу сомнежи, јавувaат српските медиуми.
Заменик-директорката на Институтот „Батут“, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, одговара дека за тоа не постојат непрофесионални или немедицински причини.
Причината, вели д-р Кисиќ Тепавчевиќ, е рекласификацијата на позитивните случаи. Таа вели дека во петокот е донесена одлука во Кризниот штаб досегашниот „строг“ пристап кон следење на Ковид-19 да се релаксира.
Имено, како што вели за „Танјуг“, на седницата на Кризниот штаб, било решено дека еден негативен ПЦР тест, наместо претходните два, е доволен за асимптоматските пациенти да се сметаат за здрави и дека е скратено времето за следење на текот на болеста кај тие пациенти.
На веб-страницата „Ковид19“ во петокот бројот на излекувани лица изнесувал 6.931, додека еден ден подоцна тој број бил 11.056. До денеска бројот се искачи на 11.348 излекувани.
„Имајќи ја предвид поповолната епидемиолошка состојба кај нас, што првенствено се рефлектира во доминантно асимптоматски случаи, затоа што повеќе од 75 проценти не би биле откриени ако интензивно не трагаме по нив, на седница на Кризниот штаб во петокот решивме дека се создадени услови за помалку строг пристап кон надзорот“, вели таа.
Објаснува дека ова сега значи дека луѓето на кои им е дијагностициран вирусот и немаат знаци на болеста, по клинички преглед одат во домашна изолација, а не во привремена болница.
Д-р Кисиќ Тепавчевиќ додава дека тие остануваат во домашна изолација 14 дена, а доколку не развијат никакви симптоми на болеста до тогаш, прават ПЦР тест и ако се негативни, тие се обележани како здрави.
„Во согласност со новите критериуми, направена е рекласификација на статусот на сите позитивни случаи“, вели таа.
Порано, статусот на пациент забележан како болен траеше два месеци, посочува д-р Кисиќ Тепавчевиќ, имајќи предвид дека времето на хоспитализација трае од две до три недели, плус времето потребно за чекање на тестот и времето на домашна изолација од 14 дена.
Според новите критериуми, статусот на позитивно лице сега може да трае 14 дена, доколку лицето е асимптоматско.
Во последните 24 часа во Србија се потврдени уште 82 случаи на вирусот, а едно лице починало, соопшти денеска Министерството за здравство на Србија.
Тестирани се 3.317 лица, а вкупно 272.502 од почетокот на епидемијата. Досега се регистрирани вкупно 11.823 случаи. Починале 249 пациенти. Во Србија активни се 475 случаи, а 15 пациенти се на респиратор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик повторно ја поддржа руската агресија врз Украина: „Праведна борба“
Лидерот на владејачката партија во Република Српска, Милорад Додик, денес отворено ја поддржа руската агресија врз Украина, опишувајќи ја како „праведна борба“.
Придружувајќи се на бројните коментари по повод четвртата годишнина од рускиот напад врз Украина, Додик ја бранеше позицијата на Москва и ја оправда агресијата во објава на социјалната мрежа X, користејќи формулации за карактерот на таа војна што доаѓаат од арсеналот на руската пропаганда.
„На денот кога се одбележуваат четири години од почетокот на специјалната воена операција на Руската Федерација, нашата посветеност останува иста: поддршка на праведните цели на Русија и нејзините напори да ги заштити своите интереси и народот во Украина“, напиша Додик, кој во минатото постојано заземаше проруски позиции и ја обвинуваше Украина за војната.
Тој сега додаде дека Русија покажала доволно волја да го реши проблемот „преку дијалог и договор“, а кога тоа не успеало, рече тој, морала да прибегне кон сила за да ги обезбеди своите граници и територија.
Додик, исто така, го пофали рускиот претседател Владимир Путин, пишувајќи дека неговата решителност „го вратила статусот на суперсила на Русија, решена да не дозволи да биде загрозен ниту еден државен или национален интерес“.
Откако администрацијата на Доналд Трамп ги укина санкциите врз него минатата година, Додик почна да се фали со своите одлични односи со Вашингтон и неговата подготвеност да соработува со САД, но нагласи дека сè уште ја гледа Русија како клучен стратешки партнер.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на медиумите зборувајќи, меѓу другото, и за апсењата за обидот за убиство врз него.
Вучиќ изјави дека не знае кои се луѓето кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да го тепаат, па до тоа да го убијат неговото дете.
Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за двајцата мажи кои беа уапсени во Краљево под сомнение дека планирале атентат врз него и неговото семејство, рече дека тоа е евидентирано како доказ.
„Она што го добив во материјалот, не знам точно за кои лица станува збор, знам од каде се, ги знам нивните години, па не навлегувам во сè друго. Единственото нешто што успеав да го видам е како треба да го тепаат моето дете до точка на врескање, до точка на колење“, рече Вучиќ.
„Гледам дека има околу 70 луѓе кои се залагаат тие да бидат ослободени. Зборуваме за луѓе кои би колеле нечии деца, тоа го имаме евидентирано како доказ“, рече Вучиќ.
Регион
(Видео) Додик вежбаше во природа, па порача: „Никогаш не сум бил во подобра форма“
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, објави видео на социјалните мрежи на кое прави чучнувања во природа, што предизвика бројни коментари. Со тоа, тој се придружи на долгата низа политичари кои ги искористија своите физички атрибути и спортски активности за да привлечат внимание од јавноста, пишува N1.
Претседателот на СНСД на платформата Икс објави видео со пораката: „Никогаш во подобра форма“.
Никад у бољој форми. pic.twitter.com/Vh2A3e3E3v
— Милорад Додик (@MiloradDodik) February 22, 2026
Ова ги натера корисниците на социјалните мрежи да се пошегуваат, а се појавија и коментари дека тој се „подготвува за затвор“ или за Олимписките игри. Објавата на Додик е продолжение на трендот што во светот го популаризираше рускиот претседател Владимир Путин, познат по фотографиите на кои ги покажува своите мускули.

