Регион
Србија и Косово не успеаја во преговорите за нормализација на односите

Србија и Косово синоќа не успеаја да пронајдат заедничко решение во најновите обиди да се приближат кон постигнување договор за нормализација на односите што го очекува Европската Унија.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, по разговорите со косовскиот претседател, Хашим Тачи, и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Федерика Могерини, изјави дека дијалогот со Косово ќе продолжи кога Приштина ќе ги повлече нејзините противправни одлуки.
„Никој од нашите претставници нема да се појави во Брисел додека тоа не биде направено“, изјави Вучиќ и истакна дека во политичка смисла на Србија ѝ претстојат тешки денови.
Вучиќ образложи дека Приштина донела две противправни одлуки, од кои едната за воведувањето дополнителни давачки на стоката што од Србија се увезува во Косово и формирањето на косовската армија.
Од другата страна, Тачи по разговорите рече дека Србија поставува ултиматуми и додека е така не е можно да се води дијалогот.
„Дискурсот на Вучиќ беше агресивен, додека ние имавме правичен и избалансиран однос“, оцени Тачи.
Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, изрази очекување од Белград и Приштина да ги исполнат своите обврски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.