Регион
Србија размислува да го продолжи распустот на учениците поради наглиот пораст на заразени со ковид
Поради драстичното зголемување на заразените со коронавирусот во Србија, во среда треба да се одржи состанок на кој ќе се разговара за епидемиолошката состојба и можните нови одлуки за промена на наставниот модел или продолжување на распустот, неофицијално дознава „Блиц“.
На средбата ќе учествуваат претставници од Министерството за образование, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје.
Како што пишува „Блиц“ се очекува надлежните да ги разгледаат сите параметри поврзани со епидемиолошката состојба и по потреба да донесат нови одлуки за евентуални промени во наставниот модел.
Според денешниот пресек, во последните 24 часа во Србија, рекордни 9.122 лица од вкупно 27.290 биле позитивни на коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дојава за бомба во два трговски центри во Белград
Два трговски центри во Белград денеска добиле дојава за бомба, пишува „Евроњуз Србија“.
Дојавата за подметнати бомби пристигнала во 13 часот во трговскиот центар „Биг“ во Карабурба и во трговскиот центар „Милениум“. Непознати лица нешто по 13 часот пријавиле дека во трговските центри била поставена експлозивна направа.
Во моментот во тек е евакуација на посетителите во овие трговски центри.
Регион
Опозициските политичари во Албанија запалија столчиња пред парламентот во знак на протест поради апсењето на нивниот колега
Албанските опозициски политичари запалија куп дрвени столчиња пред Собранието во знак на протест поради апсењето на нивниот колега.
На почетокот на редовната собраниска седница пратениците од опозицијата ги извадија столчињата од собраниската сала и ги запалија на скалите од зградата.
Припадниците на службата за безбедност брзо го изгаснале пожарот.
Апелациониот суд на Албанија во петокот ја потврди пресудата на понискиот суд со која Ервин Салијани, член на опозициската Демократска партија, беше осуден на една година затвор.
Понискиот суд го прогласи Салијани за виновен за „лажна пријава“ против поранешниот министер за внатрешни работи. Салијани ја негираше вината и рече дека судењето е политички мотивирано.
Претходно овој месец, водачот на Демократската партија Сали Бериша, кој е во домашен притвор од декември, беше обвинет за корупција за дејствија што ги презел додека бил премиер од 2005 до 2013 година. Бериша, исто така, ја негира вината.
Демократската партија повика на голем протест во главниот град Тирана на 7 октомври.
Регион
(Видео) Дунав поплави село во Србија: До него се стигнува само со брод
Рибарско викенд село кај Сомбор е поплавено поради покачувањето на нивото на реката Дунав и единствен начин да се стигне до селото е со брод.
Водата ги поплави викендичките до висина на прозорците.
View this post on Instagram
– Во ова викенд одморалиште нема струја и во моментов се стигнува само со брод – пишува во описот на видеото објавено на Инстаграм.
Се наведува и дека ваков вид поплави годинава се случуваат по трет пат и дека мештаните се навикнати секогаш да бидат први на удар.