Регион
Србија ѝ испрати протестна нота на Австрија
Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Србија, Ивица Тончев, отпатува во Австрија, каде што се очекува да ги засили мерките за безбедност на српските дипломатско-конзуларни претставништа. Тој истакнал дека тоа треба да се направи за во иднина да бидат спречени инциденти, како што е испишување графит УЧК на зградата на конзулатот во Виена.
„За безбедноста на дипломатско-конзуларните претставништва се грижи земјата домаќин, во овој случај Австрија. По инцидентот, утринава му е предадена нота на австриското Министерство за надворешни работи. Очекуваме дека австриските надлежни органи во најкус рок ќе ги најдат сторителите на ова дело“, навел Тончев.
На зградата во која се наоѓа конзуларното одделение на амбасадата на Србија во Виена непознати сторители во текот на ноќта испишале графит УЧК, што на албански јазик е кратенка за поранешната Ослободителна војска на Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.
Регион
Две лица загинаа во пожар во стан во Белград
Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.
Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица.
Противпожарните екипи се уште се на терен.