Регион
Средба Бушати-Столтенберг во Вашингтон, разговарано и за Македонија
Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати во Вашингтон, имал средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, јавија албанските медиуми.
Медиумите кои се повикуваат на извори на албанското МНР, нагласуваат дека на средбата е разговарано за најновите состојби на Балканот, а особено за состојбите во Албанија, Македонија и Косово.
Истите извори наведуваат дека Столтенберг ја изнесол оценката дека „Албанија има големо значење за мирот и стабилноста во регионот. Таа е успешна во соработката и заедничките мисии со НАТО, но исто така и во однос на придонесот во борбата против тероризмот“.
Но притоа, не се изнесени други детали околу ставовите на НАТО и Албанија околу состојбата во Македонија и регионот.
Столтенберг и Бушати се согласиле дека треба да продолжи соработката на земјите од Западниот Балкан и понатамошна демократизација. Притоа е изнесена оценката дека треба да продолжи аспирацијата на земјите од овој регион кон интеграциите на НАТО – ЕУ. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Студентите во Србија не се откажуваат: објавија нови планови
По големиот комеморативен митинг одржан на 1 ноември во Нови Сад, студентите на блокада од сите универзитети во Србија подготвуваат нови протести во нивната борба за распишување предвремени парламентарни избори.
Сепак, како што открија во едно интервју, плановите за овој месец се променети поради нивната поддршка за Дијана Хрка, а годишнината од блокадата, 29 ноември, се споменува како можен датум за следниот голем собир, објавува Нова.рс.
„Дефинитивно имаме план за нови протести, интензивно работиме на тоа, но некои неочекувани настани малку нè нарушија. Сега сите сме фокусирани на Дијана Хрка и поддршката што сакаме да ѝ ја пружиме. Имавме план за ноември, за протестите што ги одложивме“, рекоа студентите на Универзитетот во Нови Сад.
Покрај борбата за предвремени парламентарни избори, студентите подготвуваат и политичка програма. „Студентскиот список е готов, а сега сме фокусирани на политичката програма што ја подготвуваме заедно“, додадоа тие.
Студентите од универзитетите во Белград и Нови Сад нагласуваат дека ќе објават заедничко соопштение, или поточно најава за нови акции, дури откако сите пленуми ќе се согласат за идните планови.
„Само кога сите ќе се согласат, ќе знаеме кога ќе има нови акции. Нема одмор и не правиме паузи, но понекогаш се случуваат непланирани активности, како оваа со Хрка, што е наш приоритет. Се заседава секојдневно, а наскоро ќе имаме заеднички план“, велат студентите.
Тие нагласуваат дека се разгледува датум за следниот голем собир, но засега ништо не е потврдено.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин

