Регион
Српските медиуми пишуваат дека Вучиќ бил прислушкуван и следен од моќен човек од државниот врв
Покрената е сеопфатна и детална истрага за тоа кој, по чија наредба и со каква цел го прислушкувал српскиот претседател Александар Вучиќ, објавија денеска белградските медиуми, а министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, рече дека сигурно ќе се дојде до вистината.
„Истрагата, која е строго затворена, трае веќе некое време“, пишува „Вечерње новости“, повикувајќи се на неименувани извори, а таблоидот „Информер“, близок до Вучиќ, тврди дека Вучиќ бил прислушкуван и тајно следен од моќен човек од врвот на државата, а дека тоа го покажалa истрагата на Министерството за внатрешни работи (МУП) и Безбедносно-информативната агенцијата (БИА).
„Во моментов, во тек се сослушувања, пред сè од припадници на Службата за специјални истражни методи при Управата за криминалистичка полиција. Службата е исто така одговорна за вршење електронски надзор. Истраги спроведува и Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи”, пишува „Вечерње новости“.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на 31 декември рече дека бил прислушуван и дека тоа го правеле домашни лица, а надлежните органи ќе утврдат дали се поврзани со странци.
„Прислушувањето на шефот на државата е директен обид за државен удар“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека бил прислушуван подолго време, од година до година и пол и рече дека има докази за тоа – свои снимени разговори, а исто така верува дека знае кој стои зад тоа, пишува „Вечерње новости“.
Таблоидот близок до Вучиќ, „Информер“, дури тврди дека во последен момент бил спречен планиран обид за државен удар.
Министерот Александар Вулин рече дека надлежните служби работат на истрагата.
„Претседателот на Србија и даде на полицијата целосно слободни раце за да ја утврди целата вистина во овој случај“, рече Вулин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

