Регион
Српски „Курир“: Меркел и Макрон војуваат за ЕУ преку Србија

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, неодамна навести дека една моќна европска држава барала од Приштина да воведе такси на производите од централна Србија, но иако не сакаше да открие на која земја мисли, српски „Курир“ објави, повикувајќи се на дипломатски извори, дека станува збор за Германија.
„Паралелно со тоа, Франција на чело со Емануел Макрон испраќа охрабрувачки пораки до Србија и до Вучиќ, а од Албин Курти, новоизбраниот косовски премиер, побара итно да ги укине таксите. На овој начин, преку Србија и со спротивставени ставови, Макрон и германската канцеларка, Ангела Меркел, се борат за тоа кој ќе ги има главниот збор и позицијата лидер во ЕУ“, оценуваат дипломатските соговорници на „Курир“.
Вучиќ вели дека барањето за воведување такси имало цел да ја наведе Србија да излезе од дијалогот со Приштина, кој одел кон компромисно решение.
„Тоа е направено за да се поттикне Србија да излезе од дијалогот за да пропадне каков било план да добие нешто. Јас не го знаев тоа веднаш, но сега го знам. Станува збор за една значајна и моќна сила“, изјави Вучиќ.
Дипломатот Зоран Миливоевиќ вели дека тоа се вклопува со германскиот став во врска со прашањето на Косово, а дека Макрон се обидува да ја наметне Франција како лидер во однос на Германија.
„Германците не прифаќаат компромис за Косово и тој став е проблематичен за нас. Вучиќ вели дека е многу потешко да се разговара со Германија отколку со САД зашто Американците сега се многу покооперативни и пофлексибилни и сметат дека и српските интереси мора да се уважат“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.