Регион
Стелт омикрон пристигна во Црна Гора – регистрирани четири случаи

Во Црна Гора се регистрирани четири случаи на зараза со подгрупата на вирусот омикрон БА.2, кој уште го нарекуваат стелт омикрон, соопшти денеска Институтот за јавно здравје.
Вирусот е регистриран вчера, а од ИЈЗ потсетуваат дека од Светската организација велат дека новиот вид на омикрон БА.2 не е „варијанта за загриженост“.
Ова, велат тие, значи дека нема тековни докази кои сугерираат дека оваа нова подваријанта на омикрон ќе го влоши преносот на вирусот, сериозноста на клиничкиот тек на болеста, ефективноста на постоечките вакцини и ефективноста на општите антиепидемиски мерки.
Од ИЗЈЗ апелираат граѓаните да се вакцинираат, како и да добијат бустер доза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од Подгорица, во населбата Пипери. Пожарот голта сè пред себе, а пожарникарите се борат дење и ноќе за да ги локализираат пожарите. Гаснењето пожари се врши и од воздух, јавуваат регионалните медиуми.
Снимките од гаснењето пожари со помош на хеликоптер над Црна Гора покажуваат колку се драматични сцените, додека чадот ја отежнува видливоста. Пожарникарите вложуваат максимални напори за да го стават пожарот под контрола.
Пожарите што избувнаа на неколку локации околу Подгорица синоќа сѐ уште се активни утрово, а според „Вјести“, најкритичниот е сè уште во Пипери, каде што синоќа избувна ново жариште во Дрезга и во Церовице.
View this post on Instagram
Во текот на ноќта во близина на Чањ пожарот повторно се разгоре поради силни ветрови, густ чад се шири во сите правци, а ветрот дополнително придонесува за ова. Според сателитските податоци од „Гугл мапс“, се проценува дека изгореле 12 квадратни километри.
Пожарите во Црна Гора избувнаа кога автомобил се запали во Буљарица. Пожарот се прошири на непристапен терен и стигна до Чањ, а потоа и до други места.
Регион
Габи Новак беше вистинска дама на југословенската поп-музика

Пејачката Габи Новак (1936–2025) беше вистинска дама на југословенската и хрватската забавна музичка сцена, вели музичкиот публицист и новинар Бранимир Локнер.
Во врска со веста за смртта на Габи Новак, Локнер изјави за „Танјуг“ дека првата фаза од нејзината кариера вклучувала поп, твист и други жанрови од шеесеттите години, потоа помек вокален џез.
Според него, нејзиниот стил се менувал низ годините и таа се обидела и со шансона, „што може да се види од композициите што ги направил нејзиниот сопруг Арсен Дедиќ (1938–2015)“.
Локнер рече дека Габи Новак не била фокусирана само на една музичка форма, а нејзиниот музички опус во однос на дискографијата, особено сингловите, е многу богат и таа била присутна на сцената континуирано.
Според неговите зборови, изведбата на Габи Новак на песната „Вино и гитари“ „до ден денес останува една од најголемите екс-џу еврегрини од 1960-тите“.
„Во првата фаза од нејзината кариера, таа беше покомерцијална, а нејзиниот подоцнежен пристап немаше таков комерцијализам, но беше препознаена и ценета. Секогаш ја сметаа за дама“, истакна Локнер.
Како што додаде, Габи Новак беше учесник на бројни забавни музички фестивали на домашната музичка сцена, а нејзината кариера беше придружена со релевантна дискографија.
Локнер додаде и: „Нејзините најплодни години во креативна смисла беа во втората половина на шеесеттите и првата половина на седумдесеттите“.
Регион
(Видео) Рама покажа како во Албанија се уриваат дивоградби посакувајќи успешна недела

Албанскиот премиер Еди Рама на „Фејсбук“ објави видео од акција за уривање на дивоградби, со порака дека продолжува битката против бесправната градба која, како што рече, ги загрозува и нагрдува заедничките простори.
„По секоја цена ќе го напишеме последното поглавје од борбата со градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи“, порача Рама, посакувајќи им на граѓаните успешна недела.