Регион
Судот во Сараево евакуиран поради закана од бомба додека во тек бил судски процес против владата

Зградата на општинскиот и окружниот суд во Сараево денеска морало да биде евакуирана поради дојава за поставена бомба, што ги одложи сите закажани судења, вклучително и тужбата против Федерацијата БиХ поднесена од директорот на граничната полиција, Зоран Галиќ. Судската палата во Сараево со часови била празна додека траела безбедносната проверка.
Заканата за бомба дошла веднаш откога во една од судниците било отворено рочиштето за тужбата против владата на Федерацијата БиХ поднесена од актуелниот шеф на државната гранична полиција, а неговиот советник Свевлад Хофман рече дека тоа е интересна случајност.
„Симптоматично е што дојавата се случи на самиот почеток на ова судење. Судијката, се разбира, беше принудена да ја прекине постапката“, изјавил Хофман за „Хина“.
Судењето за тужбата на Галиќ е интересно бидејќи се работи за долготрајна постапка во која е блокиран изборот на директор на Полициската управа на Федерацијата БиХ.
Галиќ се пријавил на конкурсот објавен по пензионирањето на поранешниот директор Драган Лукач, а во текот на постапката бил прворангиран на листата на кандидати.
Со оглед на тоа што Алјоша Чампара, кој доаѓа од редовите на бошњачкиот народ, е министер за внатрешни работи на Федерацијата БиХ, директорот на Полициската управа треба да биде Хрват, па Галиќ го исполнува и тој услов.
Сепак, владата на Федерацијата БиХ минатата година одби да го потврди неговото именување, па оттогаш со Полициската управа раководи Енсад Корман како вршител на должност.
Галиќ сега ја тужи владата на Федерацијата поради тоа што не е назначен за директор иако се исполнети сите законски предуслови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.