Регион
Судски вештак за сообраќајката со министерот: „Неговиот теренец има забрзување како ‘застава 101’, маглата ги влошила работите“
Горан Хусинец, судски сообраќаен вештак зборуваше за тешка сообраќајна несреќа во која тешко е повреден поранешниот министер за одбрана Марио Баножиќ, а едно лице загина.
За токсиколошките наоди говореше форензичарот за „Н1“.
„Обично чекаме околу една недела, правиме анализа за дрога, алкохол и се останато. Ќе треба време, не оди толку брзо. Ќе има сообраќајно, па метеоролошко вештачење итн. Најверојатно не е завршена ниту обдукцијата. Потребни се неколку месеци, полека оди“, рече тој.
Претходно денеска министерот за внатрешни работи пред новинарите изјави дека полицијата и ДОРХ имаат информации за тоа дали Марио Баножиќ бил во алкохолизирана состојба.
На прашањето зошто ништо не се знаело за брзината на автомобилот или дали Баножиќ бил пијан, тој со контрапрашање одговори:
„Зошто мислите дека не се знае? Не е објавено. Вчера имаше истрага, денеска е поднесена кривична пријава, па кривичната истрага се одвива според Законот за кривична постапка. Тие што ги имаат сите информации во моментов се полицијата и државното обвинителство, кога ќе одлучат што и дали можат да споделат дел од тоа со јавноста, ќе го направат тоа“, рече Божиновиќ.
Хусинец се осврна и на возилото што го возел Баножиќ.
„Тоа е постар теренец, тоа е постар автомобил. Многу е бавен, забрзувањето му е исто како некогаш на ‘застава 101’, тесно возило е, наменето е за шума и многу се користи за лов, не е многу добро за претекнување, особено не во магла“, рече судскиот вештак.
Тој наведува дека временските услови биле тешки поради маглата и дека таквото време е најголемиот непријател на возачот.
„Да врнеше, видливоста ќе беше подобра и возачите сигурно подобро ќе се гледаа. Маглата е најголемиот непријател на возачот, многу е тешко да се препознаат светлата, тешко е да се видат рабовите на патот, тешко е да се процени растојанието. Генерално треба да се избегнува возење во магла“, рече тој.
Хусинец тврди дека металниот носач на покривот на теренецот вчера му го спасил животот на министерот.
„Имаше среќа, тоа беше цврсто возило со шасија, имаше багажник на покривот, метален, што му го спаси животот бидејќи покривот не успеа да се згмечи. Покривот почнал да се витка, но металниот браник го спречил. Таа цврста метална потпора на покривот му го спаси животот“ додаде Хусинец.
„И комбето е солидно возило и се гледа колку бил силен овој теренец кога возачот на комбето загинал на лице место “, заклучил Хусинец, пренесе „Индекс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Изгласана новата влада на Хрватска: Пленковиќ по трет пат стана премиер
Пратениците во хрватскиот Сабор вечерва гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ. За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Претседателот и членовите на Владата потоа дадоа заклетва пред пратениците, со што Андреј Пленковиќ го започна третиот последователен мандат како премиер.
Во Собранието денеска беше претставена четиригодишната програма на новата Влада, која се заснова на „успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска“.
Во новиот мандат, владата на Пленковиќ најавува просечна нето плата од 1.600 евра, минимална бруто плата од 1.250 евра, како и отворање на 125.000 нови работни места.
До крајот на мандатот на новата влада, пензиите треба да се зголемат за најмалку 30 отсто, со што просечната пензија би изнесувала најмалку 750 евра.
Новата влада наместо досегашните 16 ќе има 18 министерства и седум потпретседатели.
Регион
Дачиќ и Весиќ: Човечки фактор е причина за судирот на возовите
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека причина за судирот на возовите во тунелот, во кој нема жртви, е човечки фактор, а министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека се повредени 13 патници, од кои четворица се однесена во ургентен центар.
– Возот помина низ безбедносното светло и удри во товарен воз кој чекаше дозвола да оди до станицата Овча – изјави Весиќ.
Дачиќ за новинарите изјави дека често има жртви во несреќи како оваа и дека е вистинска среќа што во денешниот судир нема жртви и што сите патници излегле од возот.
„Најважно е да нема жртви“, изјави Дачиќ за новинарите.
Началникот на Секторот за вонредни состојби на МВР, Лука Чаушиќ, кој излезе на местото на настанот заедно со министрите Дачиќ, Весиќ и директорката на претпријатието „Инфраструктура железнице Србија“ Јелена Танасковиќ, изјави дека во 18 часот и 42 минути добиена е дојава за судирот, по што на терен излегле вкупно 25 пожарникари.
– Пристигнувајќи на местото на настанот во 18 часот и 48 минути, констатирано е дека возот за итни случаи се судрил со патнички воз во тунелот на длабочина од 400 метри од влезот – изјави Чаушиќ.
Тој додаде дека четири лица биле извлечени низ тунелот за евакуација. Дачиќ рече дека најважна улога имаат пожарникарите, бидејќи лекарите од итната помош не можеле да дојдат до патниците.
Министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека деталите за несреќата ќе се знаат кога Комисијата „Железничка инфраструктура на Србија“ ќе објави официјален извештај, кој се очекува во текот на утрешниот ден.
Регион
Дачиќ: Припадниците на полицијата евакуираа девет лица од возовите
Веднаш по добиената дојава дека во тунел дошло до судир меѓу патнички и товарен воз, на местото на настанот пристигнале бројни полициски сили и 25 пожарникари-спасувачи со седум возила, со оглед дека екипите на итната медицинска помош нене можеле да се приближат до местото на судирот, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Пожарникарите-спасувачи успеале, како што додаде, да стигнат до местото и евакуирале девет повредени лица и ги предале на екипите на итната помош за понатамошно лекување.
„Припадниците на српската полиција се уште се на терен и ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност“, изјави Дачиќ.