Регион
„Сè уште мислам дека не е сè така и дека детето е продадено, ќе видиме како ќе биде до крај“: таткото на осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ
Радослав Драгијевиќ, таткото на осомничениот Дејан, беше изненаден од сведочењето на Срѓан Јанковиќ, кој е поврзан со убиството на Данка Илиќ (2). Јанковиќ во Вишото јавно обвинителство во Заечар изјави дека никогаш не го видел девојчето ниту го убил.
„Со денови не сум дома. Само што дојдов, бев отсутен поради обврски. Многу сум болен и времето го поминувам посетувајќи лекари. Не сум запознаен што кажа, сега го слушам. Па што сега, тој сака да пренесе сè за да го направи мојот син затвореник до крајот на животот. Ќе видиме како ќе биде до крај. Сè уште мислам дека не е се така и дека детето е продадено“, изјави Радослав Драгијевиќ, кој беше уапсен за соучесништво во делото затоа што помогнал телото на девојчето да се пренесе од депонијата на друга локација и по притворот, кој истече на 29 мај, беше пуштен да се брани со слобода.
Ова тешко злосторство за кое се мислеше дека вчера го има својот епилог се чини дека секој ден добива поинакви размери поради новите и сосема контрадикторни изјави на оние што би можеле да бидат виновни за сè, пишуваат медиумите во соседството.
Драгијевиќ се бранеше во притвор со молчење, дури побара и изземање на првичниот бранител, сега го наведува фактот дека не е виновен, дека не знае ништо за ова и дека детето најверојатно е продадено. И Срѓан Јанковиќ се бранеше со молчење повеќе од два месеца, а кога реши да зборува и да изнесе сè што знае за ова кривично дело и можеби да ја реши двомесечната агонија, рече дека никогаш не го видел девојчето ниту, пак, го удрил со службниот автомобил, во кој, како што вели, нема знаци, ниту докази дека автомобилот бил оштетен од удар. За случајот со малата Данка Илиќ не се чувствува ниту виновен ниту има гризење на совеста.
„Повлекувам сè што сум кажал во полиција, секоја моја изјава“, рекол Јанковиќ во Обвинителството.
Според написите во медиумите, ниту изјавите на мајката не се усогласени, па како ќе се одвива сето тоа, ќе покаже текот на истрагата, со која сè уште детаљно се занимава ВЈТ во Заечар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

