Контакт

Регион

Таткото на Данка за изјавата на осомничениот за нејзиното убиство: Ме погоди, нема да им простам

Објавено пред

Таткото на малата Данка Илиќ, Милош Илиќ, го коментира изненадувачкото сведочење на еден од двајцата осомничени за нејзиното убиство. Да потсетиме, осомничениот Срѓан Јовановиќ вчера на неколкучасовниот распит изјави дека не е виновен за ова дело.

dobivaj vesti na viber

Според деталите од сведочењето што излегоа во српските медиуми, тој тврди дека не е виновен ниту за првичниот автомобилски удар во девојчето ниту за убиството на Данка. Притоа осомничениот за нејзиното убиство изјавил дека не го ни видел девојчето на 26 март годинава.

„Шокиран сум од ова што се случи денес. Зошто чекаше два месеца за да демантира сè сега. Се надевам дека оваа агонија ќе заврши што е можно побргу, не го очекував ова. Морам да кажам дека ме погоди, а детето нема да им го простам“, рече таткото на Данка, Милош Илиќ, коментирајќи ги потегот и однесувањето на осомничениот за убиството на ќерка му.

Тој рече дека е сосема нечуено осомничениот да негира сè.

„Ја крена цела Србија на нозе, сите чекаа да открие нешто, а тој рече – немам врска со тоа. Верувам дека тој можеби знае нешто“, рекол таткото на Данка.

Тој откри дека поради негативните коментари во јавноста оти неговото семејство е вмешано во ова грозоморно злосторство, тие се повлекле од социјалните мрежи, пренесува „Блиц“.

„Ги изгасивме мрежите, не можеме да ги читаме коментарите во кои нè обвинуваат. Па кој нормален би му наштетил на своето дете. Само за да се разоткрие сè, ќе ја отворам вратата од домот и ќе ја раскажам нашата приказна“, рече Милош.

Запрашан како тој и неговата сопруга се држат сите овие недели по убиството на нивната Данка, тој едвај проговори: „Засега се држиме поради нашиот син и бебето што го очекуваме“.

Регион

Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на медиумите зборувајќи, меѓу другото, и за апсењата за обидот за убиство врз него.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ изјави дека не знае кои се луѓето кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да го тепаат, па до тоа да го убијат неговото дете.

Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за двајцата мажи кои беа уапсени во Краљево под сомнение дека планирале атентат врз него и неговото семејство, рече дека тоа е евидентирано како доказ.

„Она што го добив во материјалот, не знам точно за кои лица станува збор, знам од каде се, ги знам нивните години, па не навлегувам во сè друго. Единственото нешто што успеав да го видам е како треба да го тепаат моето дете до точка на врескање, до точка на колење“, рече Вучиќ.

„Гледам дека има околу 70 луѓе кои се залагаат тие да бидат ослободени. Зборуваме за луѓе кои би колеле нечии деца, тоа го имаме евидентирано како доказ“, рече Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Додик вежбаше во природа, па порача: „Никогаш не сум бил во подобра форма“

Објавено пред

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, објави видео на социјалните мрежи на кое прави чучнувања во природа, што предизвика бројни коментари. Со тоа, тој се придружи на долгата низа политичари кои ги искористија своите физички атрибути и спортски активности за да привлечат внимание од јавноста, пишува N1.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на СНСД на платформата Икс објави видео со пораката: „Никогаш во подобра форма“.

Ова ги натера корисниците на социјалните мрежи да се пошегуваат, а се појавија и коментари дека тој се „подготвува за затвор“ или за Олимписките игри. Објавата на Додик е продолжение на трендот што во светот го популаризираше рускиот претседател Владимир Путин, познат по фотографиите на кои ги покажува своите мускули.

Прикажи повеќе...

Регион

Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?

Објавено пред

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање.

dobivaj vesti na viber

„Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со мене, врз основа на што?“, праша реторички Борисов.

Осврнувајќи се на новогодишното обраќање на претседателот, тој додаде: „На Нова година со задржан здив го слушавме говорот на претседателот. Кога рече олигархија – нека каже која е. Јас тврдам дека во ГЕРБ нема таква“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија3 часа

(Видео) „Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ“, вели Димитријевиќ

„Правната држава е целосно погребана. Дилот меѓу ВМРО-ОКГ и ДУИ се реализира пред очите на јавноста. После театарот на граница,...

Македонија3 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа4 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија5 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија6 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија6 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет6 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет6 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа7 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа7 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа8 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија18 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија23 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија1 ден

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија1 ден

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија1 ден

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион1 ден

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...