Регион
Татко се обидел да ја убие својата ќерка во Призрен, ја застрелал три пати

Тежок инцидент се случил денеска во Призрен, каде маж пукал неколку пати во правец на својата ќерка.
Случајот е оквалификуван како „убиство во обид“.
Како што е соопштено, осомничениот Н.Х.(59) по вербален конфликт со членовите на семејството извадил пиштол и трипати пукал во правец на неговата ќерка А.Х.(31), јавува „Репортер“.
Синот на осомничениот успеал насилно да го одземе пиштолот од раката на неговиот татко.
После тоа, осомничениот најпрвин телефонски пријавил во полиција дека пукал во ќерката и дека не знае дали ја убил или не, а во исто време се предал на полицијата во Призрен.
Извршена е истрага, прибрани се докази и изјави и со осомничениот и жртвата извршен е разговор. По наредба на државен обвинител на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија во Грција: бебе се задави со сувлаки – итно било префрлено во болница, но немало начин да се спаси

Трагедијата се случи синоќа во Ираклион, Крит, кога 20-месечно девојче се задави додека јадеше сувлаки.
Девојчето зело парче месо додека семејството вечерало. Детето се задавило и веднаш било однесено во болницата Венизелио.
Според информациите доставени до „Cretalive“ од директорот на болницата лекарите успеале да извадат парче сувлаки од нејзините дишни патишта и вршеле кардиопулмонална реанимација повеќе од еден час, но не можеле да ја одржат во живот, објавува „Прототема“.
Во истиот град во среда попладне, се удави 11-годишно дете. Пливачите се обидуваа да му помогнат сè додека не пристигна брзата помош. Малото дете беше однесено во болница, но и покрај напорите на лекарите, почина.
Фото: принтскрин
Регион
Земјотрес ја погоди Лефкада: „Многу се тресеше“

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 25 јули 2025 година, во 7:31 часот наутро во Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Лефкада.
„Столот се тресеше многу“, „Беше краток, но силен“, се само дел од коментарите на луѓето кои го почувствувале земјотресот.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
На улиците во Атина температурата е повисока од 70 степени

Грците стоички го поднесуваат топлотниот бран кој, според метеоролозите, ја „пржи“ земјата и кој ќе трае до крајот на неделата. Улиците се пусти, животот како да замрел, на плажите, што ретко се гледа, речиси и да нема капачи, пишуваат медиумите во регионот.
Моментално, според написите, постои опасност од пожар на Халкидики, Тасос и Евија, а воведени се посебни мерки за заштита на локалното население и туристите.
Вчера, во раните утрински часови, термалните камери веќе регистрираа температура од над 70 степени на асфалтот и зградите во Атина. Акрополо како главна атракција во Атина е затворена за посета од 12:00 до 17:00 часот. Улиците се исто така пусти, има многу помалку сообраќај, туристите се ограничуваат на прошетки низ тесните улички и посета на Националниот парк. Грчките власти отворија во секоја општина јавен простор со климатизација каде што жителите и гостите можат да се заштитат од топлината, на некои места во центарот, особено на Синтагма, се делат шишиња со вода. Сите работи на отворено се забранети, работата на службите за брза достава е ограничена.
Топлотниот бран ја зафати целата земја, а опасноста од пожари е зголемена, особено во таканаречените портокалови зони кои моментално се прогласени во централна Грција, источен Пелопонез и јужните острови. Сепак, се стравува дека ветерот ќе се засили кон крајот на неделата, што би можело да предизвика нови пожари. Досега се регистрирани 40 пожари дневно, најдраматичен беше во Коринт, каде што во изминатите два дена изгореа 1.200 хектари борова шума и десетина куќи, населението беше евакуирано од шест општини, од кои Кастања беше најтешко погодена, според написите.
Фото: принтскрин