Регион
Татко си ја тепал ќерката во Србија, ја заклучил и ѝ удирал шлаканици, на неговата жена ѝ се заканувал со морничави пораки
Маж (46) од околината на Сопот е уапсен поради сомнение дека минатата недела ја претепал својата ќерка (16), што било откриено кога девојчето отишло на лекар поради повреди по телото, осомничениот бил насилен и кон жената, т.е. мајка на девојчето, а на социјалните мрежи ѝ упатувал морничави закани.
Девојчето им кажало на лекарите дека татко ѝ најпрвин ја заклучил во соба, каде што ја удирал, ја тепал и ја давел на креветот затоа што сакала да оди кај мајка си, а таа успеала да му побегне на таткото насилник и да побара лекарска помош.
Уапсениот пред еден месец го оставила сопругата бидејќи ја малтретирал. Сопругата на насилникот пријавила во полиција, но тој не се променил.
Ја навредувал жената на социјалните мрежи, ја нарекувал со најпогрдни имиња и ѝ се заканувал. Наводно, тој одеднаш помислил дека сопругата го изневерува.
„Ѝ се закануваше и нејзе и на нејзиниот наводен љубовник, пишуваше дека ќе ги тепа сите, како и разни други вулгарности и гадости“, велат сведоци од истрагата.
На осомничениот му е одреден притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со трагичната смрт на сограѓанин во природна катастрофа што го зафати подрачјето на Јабланица, пренесува Ал Џезира Балканс.
Деновите на жалост се одбележуваат со спуштање на знамињата на половина копје на зградите на општината и јавните установи основани од општина Јабланица.
Културни, забавни и слични програми нема да се одржуваат на јавни места, а физичките и правните лица кои вршат угостителска дејност, како и локалните медиуми ќе го приспособат своето работење.
Досега на подрачјето на Јабланица и Коњица се пронајдени телата на 15 лица, а по 10 до 15 исчезнати лица се уште се трага.
Регион
Дрвја и кал во БиХ, местата зафатени од поплавите се непрепознатливи
По поплавите што вчера ја зафатија БиХ, најтешка е состојбата во општина Јабланица, каде што најголем број урнати згради и објекти се под вода, а истото е и во Трусина и Бутуровиќ Поље, јави телевизијата БХТ1.
Новинарка на телевизијата, која известува од терен, изјави дека овие места се непрепознатливи.
-Можеме да видиме само дрвја и вода, кал, се’ лебди на површината на водата, можеме да видиме загрижени жители, изјави таа и додаде дека веќе се започнати хуманитарни акции за помош на загрозените.
Според последните неофицијални податоци само на територијата на Јабланица како исчезнати се водат 48 лица, додека официјалните податоци велат дека по поројните поплави и свлечиштата кај Јабланица, Кониќ, Крешево и Кисељак, потврдена е смртта на 19 лица, а дека по многу други уште се трага.
Населението во погодените подрачја има потреба од итна помош, а најитни се конзервираната храна и вода во шишиња.
Патната комуникација е отежната, а на места и целосно прекината.
Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна двојка е пронајдена гушната во одроните во Доња Јабланица, а според првичните информации почина и уште еден брачен пар од овој крај.
Регион
Страшни детали од поплавите во Босна и Херцеговина, загина трудница, а брачен пар се најдени гушнати
Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна двојка е пронајдена гушната во одроните во Доња Јабланица, а според првичните информации почина и уште еден брачен пар од овој крај. Најмалку 21 лице го загуби животот во поплавите во БиХ, од кои 16 се сметаат за исчезнати.
„Најмалку 16 лица од областа на северна Херцеговина во моментов се водат како исчезнати, откако беше потврдено дека исто толку луѓе загинале само на подрачјето на Јабланица“, изјави премиерот на Федерацијата на БиХ, Нермин Никшиќ.
Затрупани се многу куќи, а утринава пристигна и дополнителна механизација.
Во тек е состанок на кризниот штаб за координација на спасувачките активности, а по него треба да се дознаат подетални информации за состојбата на теренот.
Најтешка е состојбата во Долна Јабланица каде се сомнева дека каменолом ја предизвикал трагедијата во населбата која е целосно затрупана со отпад од гранит.с