Регион
Тачи до Харадинај: Коригирај ги изјавите за дијалогот, сериозен човек не зборува за војни
Косовскиот претседател, Хашим Тачи, изјави дека сочувствува со сите оние кои работат на поделба на Косово и на Заедница на српските општини со извршни надлежности бидејќи нема да дојде до тоа. Тој, сепак, порача дека ќе продолжи да заговара корекција на границите што би подразбирала припојување на Прешево, Бујановци и Медвеѓе кон Косово.
Тачи на прес-конференција рече дека премиерот Рамуш Харадинај треба да ги коригира своите изјави за дијалогот бидејќи сериозен човек не зборува секој ден за војни и трагедии.
Борбата со Белград се одвива на маса во Брисел и за такво нешто имаме поддршка од ЕУ и САД, порача Тачи и ги повика политичарите во најважната фаза од дијалогот да донесат заедничка резолуција што ќе биде во согласност со Уставот и косовските закони.
Коментирајќи ја изјавата на Харадинај дека идејата за размената на територии со Србија е мртва, Тачи рече дека од него очекувал многу порационален и поодговорен пристап.
„Нашите позиции не се вечни. Претседателите и премиерите може да се менуваат, тие доаѓаат и си заминуваат, но особено можат да се сменат оние кои не се поправаат“, порача Тачи.
Тој верува дека договорот помеѓу Косово и Србија е неопходен бидејќи во тој случај Србија и петте останати членки на ЕУ би го признале Косово кое потоа би станало членка на Обединетите нации.
„Убеден сум дека тоа е можно и дека Косово има поддршка од сите меѓународни партнери. Уште еднаш истакнувам дека во никакви околности нема да има размена на територии, ниту Заедница со извршни овластувања, но уверен сум дека корекција на границите е во интерес на Косово“, рече Тачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Целта е да почнеме да користиме летечки автомобили во Србија во 2027 година
Целта на Србија е да почне да користи летечки автомобили во земјата во 2027 година, изјави вечерва во Давос претседателот Александар Вучиќ, наведувајќи дека за тоа разговарал со претставници на компанијата „Арчер“ на маргините на Светскиот економски форум.
Вучиќ за српските медиуми изјави дека компанијата „Арчер“ е „една од најпознатите компании кои се занимаваат со летечки автомобили, беспилотни авиони и летачки возови“.
„Почнавме да преговараме за купување на најмалку три авиони, а разговараме и со нашите кинески пријатели, кои веќе имаат развиено многу и имаат летечки автомобили во неколку градови. Ќе побрзаме да се обидеме да завршиме се што е поврзано со подготовките и регулативите до средината на 2026 година, за да можеме да возиме летечки автомобили во 2027 година“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека на меѓународната специјализирана изложба Експо 2027, на која е домаќин, Србија сака да покаже „дека е најбрзо модернизирана и најбрзо растечка земја во Европа“.
„Веќе потпишавме некаков меморандум со компанијата Арчер и договоривме за Expo 2027. Ме интересираше дали машината може да биде загрозена ако дојде јато птици. „Навистина не може и е многу побезбедно од хеликоптер“, додаде Вучиќ.
Регион
„Секогаш е убаво да се сретне искрен пријател на Србија“: Вучиќ на средба со Урсула фон дер Лајен во Давос
Претседателот на Србија Александар Вучиќ во Давос се сретна со Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.
Своите впечатоци од таа кратка средба ги сподели на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
– Секогаш е убаво да се запознаеш со искрена пријателка на Србија, како што е Урсула фон дер Лајен. Кратка размена на мислења за актуелните состојби во светот и регионот, со фокус на забрзување на европскиот пат на Србија – рече Вучиќ.
Регион
„Не знам дали е жива мајка ми“; „Свекор ми беше во делот кој целосно изгоре“: членовите на семејствата чекаат вести за своите најблиски во Србија
Пред домот за стари лица во Бараево, каде што утринава избувна пожар, во кој досега загинаа осум лица, а седум беа повредени, пристигнуваат видно потресени членови на семејството на жителите на домот. Мажот, чија мајка била корисничка на домот, за „Блиц“ изјави дека нема информации дали мајка му е жива и дека се надева на најдобро.
Таа била на приземјето во делот што изгорел. „Немам информации дали е жива и каде е. Последен пат бев тука на 9 јануари кога на мајка ми ѝ донесов работи и сè што и требаше. Таа потоа прими терапија“, раскажува тој за „Блиц“.
На местото на настанот пристигнала и брачна двојка, а таткото на мажот бил жител на овој дом.
„Свекор ми беше внатре, во самиот дел кој целосно изгоре. Токму под оџакот“, вели видно потресена жената.
Таа додава дека немаат информации за неговата состојба, но дека знаат дека се пронајдени четири машки тела во целосно јагленисана состојба.
Медиумите потсетуваат дека најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава околу 4.30 часот избувна во дом за стари лица во Србија.
Како што соопштија од српската полиција, постојат основи на сомнение дека пожарот е подметнат, а полицијата во соработка со надлежното обвинителство продолжува интензивно да работи на утврдување на сите околности и факти за овој настан.
Во моментот на пожарот во домот имало 30 лица, од кои осум починале, седум се повредени, од кои на тројца им била укажана лекарска помош на Ургентниот центар, а на четворица на ВМА. Другите корисници се сместени во друг дом за стари лица, пренесува медиумот.