Регион
Тачи: Симболот на орли не убива луѓе

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, го брани како емотивен, а не политички став гестот со кој двајцата швајцарски фудбалери ги славеа головите на натпреварот со Србија.
„Овој симбол не е симбол што убил луѓе. Ова не е симбол за напад, туку симбол на птица. Затоа Швајцарија нека лета кон успехот“, изјави Тачи пред новинарите во Брисел ден по состанокот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесува порталот „Политико“.
Косовскиот претседател додаде дека ФИФА не би требало да носи одлука на основа на политички притисок.
Порталот, во европското издание, наведува дека тензиите на релација Белград-Приштина се проширија и на светското првенство во фудбал, когa фудбалерите на швајцарската репрезентациј, Гранит Џака и Џердан Шаќири со прстите направија двоглав орел, по победата над репрезентацијата на Србија.
„Политико“ додава дека двоглавиот орел традиционално претставува симбол на албанскиот идентитет и дека Србите тоа го оцениле како политичка провокација.
ФИФА вчера им изрече предупредување и парична казна од 10 000 швајцарски франци на двајцата фудбалери, со образложение дека се казнети поради неспортско однесување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.