Регион
Тачи: Убијците на Оливер Ивановиќ се во Белград

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави денеска дека според сознанијата што ги има од истрагата, убијците на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, се наоѓаат во Белград.
Тачи на новогодишната конференција за медиуми изјави дека властите во Србија ќе соработуваат со цел убијците да бидат изведени пред лицето на правдата.
„Според сознанијата што ги имам, истрагата е во многу важна фаза и главните осомничени се во Белград, така што ни преостанува соработка и со меѓународните органи и со Белград за да бидат уапсени осомничените за убиството на Ивановиќ“, рече Тачи.
Зборувајќи за специјалниот суд и повиците што ги добиле одделни поранешни команданти на ОВК за да се појават пред судот, Тачи рече дека Косово нема од што да се плаши и дека тука нема простор за политика.
„Време е црниот облак да се тргне од Косово. Имавме случаи и порано кога оние што се најдоа пред лицето на правдата излегоа чисти и без вина. Борбата на ОВК беше праведна и чиста. Ги повикувам сите што добиле покана да одат на сослушување“, рече Тачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.