Регион
Тепачка на паркинг во Бјеловар: жени се влечеле за коса и се туркале, интервенирала полицијата

Полициската станица Бјеловар поднесе пријава против сите пет жени сторители за делото од член 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Во Бјеловар, околу 15.25 часот, на 20 август, пет жени, на возраст од 39, 37, 20, 19 и 18 години, се степале на паркингот во трговскиот центар на улицата Влахе Паљетка. Имено, тие се обвинети дека го нарушиле јавниот ред и мир покажувајќи една на друга среден прст, викале и се туркале.
По навредите, тие имале физичка пресметка. Почнале да се туркаат и да се влечат за коса, а ескалацијата била спречена од полициски службеник, кој не бил на должност, се вели во соопштението од СВР Бјеловар.
Полициската станица Бјеловар до надлежното одделение за прекршоци при Општинскиот суд Бјеловар поднесе пријава за сторено дело од член 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир против сите пет жени сторители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик во Израел: Јас и Нетанјаху сме жртви на политички прогон

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој престојува во Израел и покрај потерницата што е распишана по него во БиХ, изјави дека, иако се соочува со кривично гонење, нема да се откаже од својата политика.
Во интервју за новинската агенција Jewish News Syndicate (JNS), објавено денеска, Додик ја спореди својата ситуација со онаа на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој исто така е под истрага во својата земја.
– Политички суд носи политички пресуди, изјави Додик, тврдејќи дека со злоупотреба на правосудниот систем се обидуваат да го тргнат од политиката.
Додик е неправосилно осуден на една година затвор од Судот на БиХ затоа што потпишал указ за стапување во сила на закони што претходно ги поништи високиот претставник на меѓународната заедница. Дополнително, против него се води нова истрага за загрозување на уставниот поредок, за што му се заканува казна од најмалку пет години затвор.
– Нема да се повлечам. Одам напред, одам во Израел, кај пријатели, и секаде ќе ги бранам интересите на луѓето што ме избрале, изјави тој.
Додик тврди дека Србите во БиХ се единствените вистински пријатели на Евреите, додека во „муслиманскиот дел“ на земјата се слават Хамас и Исламска држава.
Во изјава за медиумите во Република Српска тој додаде: „Кај дел од радикалните муслимани постои нагон за одмазда… Некои не сакаат мир, туку сакаат смрт. Ние мора да бидеме свесни за тоа
Регион
Вулин: Очекувам ФСБ итно да ги истражи тврдењата за звучниот топ

Потпретседателот на српската влада, Александар Вулин, за државната телевизија (РТС) изјави дека очекува доаѓање руски разузнавачи, кои треба да ги истражат тврдењата дека на 15 март во Белград било употребено звучно оружје против демонстрантите.
Вулин, поранешен шеф на цивилната разузнавачка агенција БИА и поборник за блиски односи со Русија, рече дека очекува пристигнување делегација на експерти од руската разузнавачка служба ФСБ. Тој додаде дека Русите ќе заземат јасен став дали на масовните протести бил употребен таканаречениот звучен топ.
Според него, експертите на ФСБ имаат мандат да утврдат дали е употребено звучно оружје и, доколку е така, на кој начин. „Сигурен сум дека ФСБ ќе спроведе истрага што е можно побргу“, рече Вулин.
Тој тврди и дека Русија ја поддржува, како што наведе, борбата на Србија против она што претседателот Александар Вучиќ и највисоките државни функционери го нарекуваат обоена револуција бидејќи суштината на меѓународното право е секој да има право на свој пат.
За време на масовниот антикорупциски протест во Белград на 15 март, насобраните им оддадоа почит на жртвите од уривањето на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад за време на 15-минутниот молк. Во тој момент се слушна ненадеен силен звук, кој предизвика паника кај демонстрантите, а некои пријавија симптоми, како што се болки во увото, главоболка, мачнина и дезориентација.
Некои аналитичари и сведоци тврдат дека станува збор за употреба на таканаречениот звучен топ, несмртоносно звучно оружје, кое емитува насочени високофреквентни звучни бранови за контрола на толпата. Српските власти, вклучително и претседателот Александар Вучиќ, ги негираат овие обвинувања нарекувајќи ги гнасни лаги и изразија подготвеност за меѓународна истрага за да се утврди вистината.
Регион
Уапсен Црногорец, пукал низ прозорецот од својот стан во центарот на Белград

Белградската полиција го уапси В. М. (20), државјанин на Црна Гора, кој најверојатно рано утринава околу 6 часот од прозорецот од својот стан пукал со пиштол.
Неофицијално, полицијата пронашла неколку чаури пред зградата
Полицијата била повикана од преплашени граѓани, кои ги слушнале истрелите.
Полицијата во станот на В. М. пронашла и неколку негови пријатели, кои биле пијани.
За случајот е известено надлежното обвинителство.