Регион
Тереза Кесовија падна и заврши во болница на својот 86-ти роденден

Хрватската пејачка Тереза Кесовија заврши во болница по падот на својот 86-ти роденден.
Легендарната пејачка нема да може да го прослави овој роденден бидејќи е во болница.
„Во болница сум. Извинете, не сум во можност да ви објаснам што ми се случи. Паднав, силно се удрив“, изјави таа за Net.hr. Таа истакна дека никогаш не обрнува внимание на својот роденден бидејќи мајка ѝ починала по породувањето.
„Така што, сеедно ми е каде сум. Денес сум, утре не сум. Не ја ни запознав мајка ми, ме роди и набргу умре. За мене е смешно да славам роденден“, додаде таа.
Кесовија беше хоспитализирана и минатата година кога со возило на брзата помош беше донесена во болница. Тогаш за хрватските медиуми призна дека доживеала срцев удар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бугарија, десничарите против воведувањето на еврото

Приврзаниците на крајната десница денеска се судрија со полицијата за време на протестот за поддршка на бугарската валута лев и против воведувањето на еврото, јавува Анадолија.
Протестот се одржа пред Бугарската народна банка (БНБ) и пред претставништвото на Европската комисија во Софија.
Демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на претставништвото на Европската унија, користејќи црвена боја, петарди и молотови коктели. Околу 10 полицајци се повредени, а шест лица се уапсени.
Демонстрантите потоа ја запалија вратата од зградата на претставништвото на Европската комисија во Бугарија, јави репортерот на БГНЕС.
Бугарските парламентарци минатата година усвоија нацрт-закон за преминување на еврото како национална валута од почетокот на 2025 година. Сепак, влезот во еврозоната беше одложен поради високата инфлација и други економски фактори.
Предлог-законот ги регулира принципите, рамката и процедурите за воведување на еврото во Бугарија и ги утврдува правилата и преоден период за да им се даде време на граѓаните да се прилагодат на новата валута.
Регион
Возач во БиХ наполнил гориво и побегнал без да плати

На бензинска пумпа во БИХ, непознато лице наполнило гориво и си заминало без да плати.
Покрената е истрага за кражба на гориво, веднаш реагирала полицијата, пишуваат тамошните медиуми.
Инцидентот го пријавил во полиција, вработен на бензинската пумпа.
По пријавата патролата веднаш излегла на терен и започнала истрага.
Регион
Вучиќ: Србија e една од најбезбедните земји во Европа

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Белград и Србија се меѓу најбезбедните градови или земји во Европа.
„Значи, државата и државните институции, и покрај валканата пропаганда на секојдневно ширење на несигурност, страв и се, си ја вршат својата работа на најчист можен начин и се погрижија денес и Белград како град и Србија како држава да бидат една од најбезбедните земји во Европа. Една од трите или четирите најбезбедни земји во Европа“, рече Вучиќ.
Тој наведе дека во 2001 година имало 3.140 разбојништва, а лани 496, дека во 2001 година имало 215 убиства, а во 2024 година 50 убиства и дека бројот на силувања е 3,4 пати помал од тогаш. Вучиќ додаде дека бројот на убиства постојано се намалува.
„Тоа значи дека воспоставивме добра соработка меѓу разузнавачко-безбедносниот сектор во целина и обезбедивме дa сме една од најбезбедните земји во Европа. Ова се добри резултати“, изјави Вучиќ.