Регион
Камбаните бијат за сите луѓе да си заминат: тотален хаос во Грција, пожар беснее, војската е во акција
Шокантни снимки се снимени во Неа Агиалос каде пламенот се приближува до градот, а жителите се евакуираат.
Полициските сили им даваат инструкции на граѓаните како да избегаат од областа. Владата е на штрек, а црковните ѕвона постојано бијат за да сфатат и последните жители дека мора да си заминат.
„Ги повикувам сите жители да си заминат, нас не интересира човечки живот, а не имот. 80 отсто од Неа Агиалос е евакуиран“, изјави претходно градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос. Пожарот втор ден неконтролирано гори во Магнезија.
Impressive image of explosions at an ammunition warehouse near Volos in Greece, due to fires
🔥 #Volos #Βόλος #φωτια #Πυρκαγιαpic.twitter.com/wX8X5BgC2K— llátzer 🌋 (@llatzr) July 27, 2023
Нешто пред 18 часот имаше експлозии во магацините за муниција на 111-от борбен полк. Магацинот се наоѓа на неколку километри од аеродромот и има надземни и подземни тенкови, како и муниција.
Експлозиите од магацинот се слушнале дури до Волос и Скопелос.
〰️🇹🇷🔗🇬🇷 〰️✈️💦 THERE IS NO BORDER FOR 🛟 #Rescue either for forest / or human life..
165km2 burnt in one week, this is how #Rhodes in the latest #Landsat 8. #Wildfire’s still active close to the S/coastal towns #Greece #Ροδοςπυρκαγια #Ροδος pic.twitter.com/lYnIquzxWV https://t.co/9F7BCNnRDL
— A Deniz Ekşioğlu (@_AD_CHANEL6) July 27, 2023
Ударниот бран ги скршил стаклата на куќите и излозите во околината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

