Регион
Транспаренти со крвава тупаница со среден прст во Белград
На неколку места во Белград се појавија транспаренти со натпис „Одговорот на српскиот народ на обидот за обоена револуција“ заедно со илустрација на црвена рака, на која се гледа средниот прст.
Црвениот (крвав) отпечаток од раката е еден од симболите на протестите организирани во Србија по уривањето на натстрешникот во Нови Сад.
Но, во последните 24 часа се појави втора црвена рака – онаа со свиткани прсти.
Од Српската напредна партија на Вучиќ сè уште не одговорија дали стојат зад оваа акција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Продолжуваат потресите во Грција по силниот земјотрес на Лезбос
Продолжуваат афтершоковите по силниот земјотрес на островот Лезбос со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Според властите на островот, нема повредени. Многу жители ноќта ја минаа надвор, во автомобили и шатори, поради честите последователни потреси. Има срушени ѕидови на згради и паднати карпи на патиштата, кои се затворени. Поради безбедност на пожарникарите, властите забранија спасувачка акција во ноќните часови.
Од рано утрово технички екипи ја проверуваат состојбата на јавните објекти. Училиштата ќе останат затворени додека не се потврди дека се безбедни. Според податоците на опсерваторијата во Атина, земјотресот бил на 5 километри длабоко во морето, веднаш до островот.
Според сеизмолозите, епицентарот е познат и пред четири години е регистриран силен земјотрес.
Жителите на островот се предупредуваат да бидат крајно внимателни и да не стојат во близина на предмети што може да паднат.
Регион
Десетици дојави за бомби во училиштата во Бугарија
Десетици пријави за подметнати експлозивни направи се пристигнати на електронската пошта на училиштата во повеќе градови во Бугарија.
Од бугарското МВР објаснуваат дека се вршат проверки.
Има извештаи за образовни институции во Стара Загора, Враца, Варна и Софија, пишува БНР.бг.
Во Софија има над 20 училишта кои добиле известувања по е-пошта за подметнати експлозивни направи. Во сите згради на воспитно-образовните институции во овој момент се вршат контроли.
Регион
Сараево вечерва е најзагаден светски град, прогласена вонредна состојба
Владата на Кантонот Сараево прогласи вонредна состојба во главниот град на БиХ поради екстремно загадениот воздух, кој го смести градот на првото место на Светскиот индекс за квалитет на воздухот.
Просечните дневни вредности на честичките ПМ10 достигнаа рекордни вредности на пет мерни станици, објави Сараевскиот кантон. Ова е двојно повеќе од концентрациите на загадувачи во Дака (Бангладеш) и Њу Делхи (Индија), кои се на второто и третото место. Индексот на квалитетот на воздухот (AQI) во Сараево моментално изнесува алармантни 368, што го става воздухот во градот во категоријата „опасен“.
Со цел да се заштити здравјето на граѓаните, Владата на округот Сараево воведе рестриктивни мерки. Сообраќајот на возила со ЕУРО3 и пониски стандарди за мотори е забранет во внатрешната градска зона, а наредено е и привремено стопирање на технолошките процеси кои произведуваат прашина, каде што е технички изводливо.
На работодавачите им се препорачува да ја организираат работата од дома, додека капацитетот на еколошки јавен превоз се максимизира. Промената на временските услови што може да влијае на квалитетот на воздухот не се очекува до четврток, но стручното тело на округот Сараево предупредува дека е неизвесно дали тоа ќе доведе до значително подобрување.
Владата ги повикува граѓаните да ги минимизираат активностите на отворено и да избегнуваат физичка активност на отворено. Заводот за јавно здравје на округот Сараево објави детални здравствени препораки за подобра заштита на населението од негативните последици од загадувањето.