Регион
Тројно убиство во Србија: млад човек со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата
22-годишник со ловечка пушка ги убил дедото (81), бабата (83) и таткото (60) во семејната куќа во Књажевац, Србија, јавува Нова.рс.
Српски Телеграф пишува дека младиот човек рекол дека убиствата ги извршил од сочувство бидејќи дедо му бил неподвижен, а татко му и баба му тешко болни.
„Тој е уапсен и го признал делото. На полицијата и рекол дека повеќе не може да се грижи за нив“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, пренесува Телеграф.
Осомничениот млад човек претходно не бил осудуван, а ќе следи истрага по што треба да се знаат повеќе информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Претседателството на Босна и Херцеговина добило извештај за поставена бомба
Претседателството на Босна и Херцеговина денеска доби дојава за поставена бомба.
Во електронската пошта на Претседателството на БиХ пристигнала дојава за експлозивна направа, пишува Klix.ba.
„Во администрацијата на претседателот на Босна и Херцеговина беа поставени експлозивни направи. Ова е поради вашиот лош однос кон Руската Федерација“, се вели во дојавата, пренесува порталот Сараево.
Регион
(Видео) Тешка сообраќајка кај Загреб, има загинати, пристигна и хеликоптерот на Брзата помош
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 17 часот на патот меѓу Клоштар Иваниќ и Дубрава.
Според првите информации, во судирот на два автомобили загинало најмалку едно лице, а на повредените им пристигнале пожарникарите и итната медицинска помош од хеликоптер, пренесува порталот Пригорски.хр.
Патот е затворен за сообраќај, а деталите за трагедијата ќе бидат познати по полициската истрага.
Регион
Вучиќ: „Просечната плата во декември ќе биде 900 евра, за само 10 години три пати повеќе“
Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше од Њујорк и истакна дека просечната плата во Србија во декември ќе биде 900 евра, што е трипати повеќе за 10 години.
„Мораме да притискаме, добро е што се носи ребалансот, наскоро ќе влезе во буџетот, се надевам дека министрите ќе ги намалат апетитите, дека ја имаме стапката на јавниот долг под контрола. Се надевам дека дефицитот нема да надмине три проценти“, додаде Вучиќ.
Вучиќ истакна и дека платите во Србија растат.
Платата на наставниците беше околу 30.000 динари, денес е околу 100.000 динари без надоместоци за стаж и други додатоци“, рече Вучиќ.